PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума поддржан од „Еуримаж“

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 Евра. 

PopUp by PopUp
ноември 27, 2023
in Филм
0
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума поддржан од „Еуримаж“

Филмот “Скејтбординг не е за девојчиња“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал. Извор: MIA.mk

409
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија“, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, нашиот национален претставник во Еуримаж. Таа додаде и дека бројот на пријавени копродукциски проекти во секоја сесија сѐ повеќе се зголемува, па така и оваа сесија повторно ќе се памети со 111 пријавени проекти од кои 99 беа оценувани.

„Во ваква конкуренција проектот СКЕЈТБОРДИНГ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА беше оценет одлично и рангиран е на високо 3-то место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа позитивни и оптимистички: „…млада и талентирана режисерка која треба да се поддржи; сценариото е интересно, внесува модерни елементи во една конзервативна заедница на Ромите на Балканот; сериозен продуцентски тим…“  – рече Ќурчинска Пепељугоска.  „Во ноемвриската сесија од вкупно оценувани 99 проекти, само 29 добија финансиска поддршка од Еуримаж и до толку е позначајно што меѓу нив повторно е еден македонски проект.“

Северна Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и ова е  јубилејна 20 годишнина од нашето членство во овој пан-европски фонд. Јубилејната година ја завршуваме со вкупно 775.000 Евра доделени на „ДиЏеј Ахмет“ на  Георги Унковски на 168-та сесија, „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума на 170-та сесија.

„Очекувам дека за 2-2,5 години ќе имаме можност да ги видиме овие филмови на големото платно особено поради фактот што странските копродуцентски партнери се обезбедени, а со тоа и финансирањето од нивните националните фондови. Се надевам дека и нашата Агенција за филм ќе стори напор да не се повтори оваа година во која првите 10 месеци немавме ниту еден снимачки ден и дека нашата продукција ќе биде многу поинтензивна следната година“ – додаде Т. Пепељугоска.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.438 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 710 милиони Eвра.

Previous Post

Перформанс „Мачката Елеонора“: Испробуваме апсурдни избори, недопадливи женски ликови и алтернативни театарски форми

Next Post

Премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во продукција на МКЦ на фестивалот “CPH:DOX” во Копенхаген

Next Post
Премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во продукција на МКЦ на фестивалот “CPH:DOX” во Копенхаген

Премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд” во продукција на МКЦ на фестивалот “CPH:DOX” во Копенхаген

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum