PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Сиди Ларби Шеркауи: Хибридни движења и емотивен перформанс

popup by popup
ноември 5, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На 19 години го освојува првото место на национален натпревар по танцување со соло-перформанс, микс од voguing, хипхоп и aфрикански танц. По овој успех, примен е на престижната школа за современ танц PARTS во Брисел, паралелно настапувајќи со различни компании како танчар.
Својата импресивна кореографска кариера ја почнува во 1999 година со мјузиклот „Anonymous Society“ во Лондон и оттогаш има работено на повеќе од педесет проекти, опфаќајќи современ танц, театар, балет, опера, филм, музика и секаков вид перформанс. Во 2010 година основа своја компанија „Eastman“ во родното место Антверп.

Како посебна вредност на неговиот пристап се смета неговото нехиерархиско поимање на односот: движење, говор на тело, култура. Неограничениот интерес му отвора соработки секаде низ светот со изведувачи со различна возраст, физикус, техники, националност и јазик и притоа не се стреми кон нивно обединување туку напротив им дава сценски живот на нивните културни особености.

Шеркауи иако во улога на кореограф многупати учествува заедно со изведувачите, работи и во дует со други кореографи, избирајќи партнери што имаат драстично поинаков израз од неговиот. Отворен за различни жанрови, експериментира со звуци, реквизити, проекции и често користи средновековна музика.

Во 2015 година за првпат е режисер на целовечерна претстава, „Pluto“ за јапонскиот театар Bunkamura, според наградуваните манга-стрипови на Наоки Урасава и Такаши Нагасаки, каде што го донесува манга-ликот Astro Boy на сцена.

Неговото повеќепати наградувано кореографско мастер-дело, перформансот „Sutra“, во продукција на театарот Sadler’s Wells во Лондон, во кој самиот настапува заедно со 20 монаси од Шаолин храмот од Кина, веќе 11 години е на турнеја низ целиот свет и е прикажан во 33 земји, пред 160.000 луѓе публика.

За својата исклучителна работа Шеркаи е носител на огромен број признанија, меѓу кои: две награди Olivier, четирипати е прогласуван за кореограф на годината од „Tanz Magazine“, награди за најдобар кореограф во балет, театар и филм, за продукции во целост, специјална награда на БИТЕФ. Прогласен е за културен амбасадор и е добитник на награди за придонеси во меѓучовечките односи, заемна толеранција и интеркултурален дијалог.
 
Aнна

Previous Post

CINEDAYS 2019: Блескаво филмско полнолетство

Next Post

Средба под сенката на „Врба“ на Манчевски

Next Post

Средба под сенката на „Врба“ на Манчевски

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum