PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Сетила 2.0“ и првата самостојна изложба на Александра Костадиновска

Оваа сабота, 27.11.2022 година, во КЦП „Центар Јадро“ ќе се одржи вториот интердисциплинарен настан „Сетила 2.0“ во организација на граѓанското здружение за култура и уметност „Атриум“. Во рамките на овој настан ќе се одржи првата самостојна изложба на Александра Костадиновска, а свој музички белег ќе дадат авторите Ади Имери и Александар Бошков.

PopUp by PopUp
ноември 23, 2022
in Настани
0
„Сетила 2.0“ и првата самостојна изложба на Александра Костадиновска

Дизајн: Матеја Николиќ

418
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Александра Костадиновска е фотографка, која е активна повеќе од 10 години, можеби најдобро позната по Инстаграм-профилот @aaaesthete, кој го документира нејзиниот веќе добро препознатлив стил на современа фотографија. На оваа изложба ќе го претстави својот визуелен дневник, на кој работела изминатово лето во Финска и во Грција. Во најавата за изложбата таа вели дека инспирацијата ја наоѓа во „сѐ бакнато од сонцето“.

Ади како композитор, изведувач и продуцент со години ги создава музичките белези, соло и во групни состави, а заедно со Александар Бошков, кој го доби признанието за најдобар млад џез-музичар во 2021 година, ќе ни приближат фузија од електронска и џез-музика, придружена со звуци од природата. Визуелниот идентитет на „Сетила 2.0“ го потпишува графичката дизајнерка Матеја Николиќ.

„Атриум“ е граѓанско здружение за култура и уметност, кое следниот месец заокружува една година од своето постоење, во која продуцираа две театарски претстави, два интердисциплинарни и еден видеопроект. Продуцентот Дино Чупевски, кој е и основач на ова здружение, за PopUp вели дека во нивната досегашна продукција, оствариле соработка со многубројни драмски, музички, ликовни и танцови уметници, како и со други креативни соработници, кои несомнено во континуитет заслужуваат простор за свој израз.

„Свесни сме и се соочивме со разните предизвици во сферата на културата и уметноста, но особено би сакал да ја потенцирам важноста од вложување труд и смелост од страна на сите активни уметнички колективи, сѐ со цел да го одржиме, па и да го подигнеме нивото на култура во нашава држава. Благодарен сум за сета поддршка што ја добиваме во овие процеси и верувам дека претстојната 2023 година ќе ни донесе нови основи за реализација на понатамошните проекти“, вели Чупевски.

Првиот интердисциплинарен настан „Сетила 1.0“ во организација на „Атриум“ се случи на 22 мај 2022 година во Кинотеката на Македонија, а на него учествуваа перкусионистот Антоние Весковски, актерката Нина Елзесер, танцовиот изведувач Бобан Русески и сликарот Дејан Давчевски, создавајќи интимна атмосфера во Кинотеката на Македонија во Скопје.

Previous Post

Дали сѐ уште викаме „журкање“?

Next Post

Жанин Хериву: за феноменот наречен Жан-Мишел Баскијат

Next Post
Жанин Хериву: за феноменот наречен Жан-Мишел Баскијат

Жанин Хериву: за феноменот наречен Жан-Мишел Баскијат

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum