„Сенки и облаци“ е театар сместен во Дебар Маало, веднаш до добро познатиот „Наџак“. Го сочинува дружина која од 2005 година заедно создава претстави од сенки за што поразновидна публика. Нивниот простор содржи сцена за настани од мал формат и изложбен простор, а тие се отворени за соработки и со индивидуи и организации. Мисијата на оваа уметничка екипа е да создадат мобилна и независна театарска платформа која преку стариот медиум ќе истражи нови начини на изразување и ќе допре до публиката надвор од институционалната уметност. Додека бара нови алатки, звуци и сенки, театарот бележи бројни соработки со визуелни уметници и изведувачи од други бранши, како и значајни гостувања во Турција, Бразил, САД, Русија, Грузија, Шпанија, Германија, Холандија, Франција, Грција, Србија итн.
На почетокот на оваа година тие објавија отворен повик под мотото „Затоа што секој може да биде уметник!“ кој ги кани да се пријават сите деца и возрасни со видлива или невидлива попреченост и со афинитет кон уметноста. За да се пријавите, да добиете повеќе информации за повикот или за да најдете контакт од организацијата, кликнете тука.