PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Ромео Кастелучи – театарски режисер на годината

popup by popup
октомври 16, 2019
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Неговиот сценски израз значајно e детерминиран од неговиот примарен интерес за уметноста. Кастелучи дипломира сценски дизајн и сликарство на Академијата за фини уметности во Болоња, што игра улога во создавањето радикално поинаква перцепција за театарот. Нарекуван визионер и пророк, Кастелучи со својот холистички пристап создава комплексен, визуелно богат, театар на слики изразувајќи моќен естетски и политички став, а неговата театарска естетика претставува синтеза од уметности.




На митските приказни гледа како на неисцрплив извор на сценски материјал, ги доведува до нивната суштина и одново ги преведува во слики, звуци, физичка присутност, во претстави со совршена оркестрација, ритам и асоцијативност.




Неговите претстави се културен шок, зачудуваат, вознемируваат и истовремено нудат ослободување. Допираат онаму каде што човек не бил или одбива да оди, во својата неоткриена природа на стравови и чувства, потсвест, соништа, нудејќи драматично сензорно искуство за публиката и менувајќи ја нејзината перцепција за себеси и за човештвото.




Кастелучи своите ставови за театарот и режијата ги канализира и во теоретски есеи, базирани на личното театарско искуство и истражување. Меѓународно признат со многубројни продукции зад себе и кариера во повеќе од педесет земји, неговото име е присутно во сите значајни театарски институции и фестивали во светот.




Наградуван е со највисоки театарски признанија како комплетен автор, но и за различни сегменти од неговата работа. Носител на почесни уметнички титули, Кастелучи уште еднаш е прогласен за режисер на годината според магазинот „Opernwelt“, а неговата сценска визија на Салома од Рихард Штраус во продукција на Salzburger Festspiele и Виенската филхармонија, за продукција на годината.
Анна

Previous Post

Реставрирани филмови на Неделата на италијанскиот јазик во светот

Next Post

„Пирани“ – Насилството знае само за почеток [рецензија]

Next Post

„Пирани“ - Насилството знае само за почеток [рецензија]

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum