Втората вечер на НЕДЕЛАТА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ 2019, пак, ќе се одвива во посебна атмосфера. Проекцијата на исклучителниот филм КАБИРИЈА од 1914 г. – кој бил инспирација и за пионерот на американската кинематографија Дејвид В. Грифит за неговите епски остварувања – ќе биде проследена со музика во живо во изведба на Марио Маријани (Mario Mariani) од Италија.
Неделата на италијански реставрирани филмови ги содржи и дебитантскиот филм на Бернардо Бертолучи, МРАЧНИОТ ЖЕТВАР од 1962 година, но и неговиот можеби најконтроверзен филм, ПОСЛЕДНО ТАНГО ВО ПАРИЗ, реализиран една деценија подоцна. Во Неделата на италијански реставрирани филмови ќе можеме да го видиме и новиот живот на класичните дела на големите мајстори на филмот како ТОЛКУ СЕ САКАВМЕ и ТЕРАСАТА на Еторе Скола (Ettore Scola), ИТАЛИЈАНЦИ ДОБРИ ЛУЃЕ на Џузепе де Сантис (Giuseppe De Santis), ЦРВЕНИОТ ТЕРЕН на Нани Морети (Nanni Moretti), како и првиот американски филм на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани (Paolo Taviani, Vittorio Taviani), ДОБРО УТРО, ВАВИЛОН.
Настанот е поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје од Експерименталниот центар за филм и фотографија – Национален филмски архив – Рим.
Повеќе информации за настанот можете да најдете на овде.