PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Распеано возење со Зарина Првасевда и екипата на ТВ Такси 28

PopUp by PopUp
јануари 29, 2024
in Музика, Интервјуа
0
Зарина Првасевда изгласана за „Најдобар нов талент“ на Upbeat платформата!

Фотографија: Стефан Рајхл

415
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

За оние кои не ја знаат, Зарина Првасевда е дел од македонската независна културна сцена и е изгласана за најдобар нов талент на „UPBEAT“, првата европска платформа на showcase фестивали. Платформата ги наградува најдобрите европски артисти кои допрва доаѓаат. Од 10 номинирани кандидати во категоријата преку јавно гласање на ниво на Европа беше избрана Зарина Првасевда. Таа вели дека до вакво признание се стигнува со многу работа, верба, љубов кон музиката и силна и јасна цел да се промовира и да биде препознаена богатата македонска ризница на традиционална музика.

Стрезо не само што знае дел од репертоарот на традиционални песни на Зарина Првасевда, туку е спремен и да запее, но Ана признава дека дел за неа, како впрочем и за многумина, се никогаш нечуени. Евгенија вели дека многу слуша, истражува и навлегува во детали додека ги собира и избира песните што ќе ги пее.

„Традиционалната музика е многу посилна и помоќна и нешто што никогаш не умира затоа што еве и по 150 години, се уште пеам традиционална музика за која не знам кој ја напишал.“, вели таа. Додавајќи дека не е лесно да се успее како дел од независната културна сцена во Македонија.

„Тешко е несомненено затоа што ние сме мала држава, затоа што се уште не би рекла дека артистот го препознаваме на вистинкиот начин и како публика, но и како некаква институционална поддршка и поткрепа“, вели Евгенија истакнувајќи дека рано одлучила да не прави компромис со квалитетот, со вистината, со тоа што и се лични вредности. Патот до успехот бил долг и макотрпен.

„Многу малку луѓе знаат дека јас работев во фабрика за преработка на печурки, во фрижидер на – 30 степени, работев како келнерка, честопати не добивав плата за тоа, работев во разни бутици за да стигнам до тоа што сум денес. Се случувало да метам во ГТЦ и сум си замислувала како сум на сцена и како го имам концертот во Филхармонија кој подоцна се случи.“

Животот и го промени видеото за кое не ни знаела дека е снимено на кое ја пее „Билбил пее во планина“ и кое за една недела достигна половина милион прегледи. Тоа бил моментот што го чекала цел живот, ги извадила од фиока сите песни што сакала да ги сними и така настанал албумот „Ехо“ издаден од „Југотон Кроација рекордс“.

Целата приказна на Зарина Првасевда погледнете ја во епизода 24 од серијалот ТВ Такси 28.

Previous Post

Галеријата „Пионери“ со pop up изложба на Мила Добревска во Барселона

Next Post

„Маргиналните ликови се можеби и најважните“: Разговор со Стефан Алијевиќ, автор на збирката раскази Вечерен автобус

Next Post
„Маргиналните ликови се можеби и најважните“:  Разговор со Стефан Алијевиќ, автор на збирката раскази Вечерен автобус

„Маргиналните ликови се можеби и најважните“: Разговор со Стефан Алијевиќ, автор на збирката раскази Вечерен автобус

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum