На 3 август ќе се случи промоција на новиот македонски лејбл PMG TANZ DIGITAL, комплетно посветен на современата електронска музика. Тоа ќе биде првиот од низата промотивни настани на кои публиката ќе се запознае со намерите и амбициите на оваа дискографска куќа. На лабавата целодневна промоција 11/11 на Оревче ќе TANZ-уваме со Robotek, Barum Barum, Mirko Popov и Marko Rikaloski. На 4 август не го пропуштајте словенечкиот диџеј Valentino Kanzyani, еден од основачите на словенечкото техно, активен на сцената уште од деведесеттите години. Познат е под името Recycled Loops што е воедно и називот на еден од лејблите што ги води заедно со DJ Umek. Valentino Kanzyani успеал да стигне до 75 место на ТОП 100 листата на најдобри диџеи во селекција на DJ Magazinе, a настапувал и на BBC Radio 1 Essential Mix во 2003 година. Доволно причини да го поминете празничниот викенд на Оревче, нели?