Се работи за прашање што не е само локално туку е и од глобално значење, бидејќи овие прибежишта честопати кријат и ретки животински и растителни видови. А планетата е наше заедничко наследство.
Whitehaven Beach, Австралија
Оваа долга блескава песочна плажа досега има добиено многу награди, меѓу кои и наградата за „Најчиста плажа во Квинсленд“, како и националната награда за откривање ресурси и заштита на природната средина.
Геракас, Грција
Eco-friendly плажи може да се најдат и на европска почва. Оваа плажа се наоѓа на грчкиот остров Закинтос. Многумина ја опишуваат како плажа од соништата. Таа е тивка, недопрена и заштитена од околниот развоен замав на туризмот, иако може да се забележи дека вo последниве години е окупирана со чадори и со лежалки. Флората и фауната во околината на оваа плажа се заштитени, вклучително и животинскиот заштитен вид – познатата желка од Закинтос.
Sabal Beach, Белизе
И Белизе може да се пофали со атракции што можат да бидат интересни за секој екотурист. Дел од нив е оваа плажа сместена северно од Пунта Негра, помеѓу два национални парка. Sabal Beach е совршено место за долги денови во хамок или за рибарње, нуркање или набљудување птици.
Las Islas Cies, Галиција, Шпанија
Често се смета за една од најдобрите плажи во Европа. Песокот на Las Islas Cies останува еден од најубавите бидејќи островот е под заштита како национален парк. Бројот на посетители овде е ограничен, автомобилите се забранети, а преноќувањето мора да биде со кампување. Многумина од туристите што ја посетиле велат дека на неа се чувствуваат како да се единствените присутни на островот. Иако се наоѓа на Атлантскиот Океан, водата е мирна како да сте на езеро.
Playa Matapalo, полуостров Оса, Костарика
Познат уште и како „бели дробови на Земјата“, полуостровот Оса е благословен со густа шума и со влада што се грижи за нејзината заштита. Половина од 500 000 видови флора и фауна на Костарика се наоѓаат токму таму. Оваа област е дом и на прекрасната плажа Matapalo, која плени со сивиот песок и е рај за сурфачите.
Koh Libong, провинција Транг, Тајланд
Иако голем број популарни плажи во Тајланд се уништени од туризмот, провинцијата Транг се обврза да обезбеди одржливост и услови за екотуризам. Koh Libong е најголемиот остров во оваа област и е ставен под заштита со помош на шведските борци за чиста животна средина. Бидејќи пристапот на туристи е ограничен, златните плажи остануваат отворени само за раковите, птиците, желките и рибите.