Бразилката DILLON, која живее и твори во Германија, настапува во тандем со нејзиниот соработник и копродуцент Tamer Fahri Özgönenc. Одличниот сценски настап го одбележа дуото како електро-поп сензација, а нивната нумера Thirteen Thirtyfive доживеа повеќе од 38 милиони прегледи на интернет страницата YOUTUBE. DILLON првпат гостува во Скопје!
FUJIYA & MIYAGI се стари познаници на скопската публика. Тие веќе имаат настапувано кај нас, а годинава по повод 20-годишнината од нивното постоење, доаѓаат да го испромовираат новиот албум Flashback, кој за кратко време ги освои симпатиите на слушателите.
Досега најавени артисти на овогодинешното издание на Здраво Млади се: хрватското електропоп дуо – NIPPLEPEOPLE, канадското пост-панк трио OPERATORS, аргентинците MUERAN HUMANOS, SVEMIRKO, DJ FITZ и програмата Berlin via Skopje на која ќе настапи одличниот DJ квартет VIVIAN KOCH, CONFORCE, ALEX ACID, како и нашиот претставник на берлинскиот подиум STOJCHE.
Билетите остануваат со иста цена (400 денари) до крај на јули и можат да се набават на билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk > https://bileti.mkc.mk/index.php?id=433
Dominique Dillon De Byington со алиас Dillon ја почнува музичката кариера на 19 години. Првите два албума ги смета како едно тело на работа, бидејќи тие кажуваат кохерентна приказна. Ова отсекогаш било очигледно во нејзините настапи во живо, кои се движат со размена меѓу темно-мелодичните песни на двата албума.
Во 2016 година, двата албума беа обединети во форма на албумот „Live at Haus der Berliner Festspiele“, во кој Dillon е придружувана од женски хор, составен од неа и нејзиниот соработник и копродуцент Tamer Fahri Özgönenc.
„Кога почнав да го пишувам мојот втор албум – „The Unknown“, знаев дека е продолжение на „This silence kills“ и музички и содржински. Почувствував потреба да работам со вокали и да создадам дополнителен слој кој дише меѓу мене и електрониката. Бев многу заинтригирана од оваа идеја и така, јас и Tamer пишувавме и организиравме хор“, објаснува Dillon.
При крајот на 2017 година, Dillon го издаде својот трет албум насловен „Kind“, кој го нарекува „албум на љубовта“ и кој е целосно одделен од нејзиното претходно дело. „Kind“ е прелиминарниот врв на уникатен личен и уметнички развој, во кој мистериозноста на Dillon достигнува breathtaking интензитет. Оваа пролет Dillon се враќа со EP насловено „When Breathing Feels like Drowning“, колекција на нови материјали како и препеви на песни во форма на морничави аранжмани со пијано и електронски звучни снимки, на кои работеше со швајцарскиот продуцент Samuel Savenberg.
Седмиот албум од Fujiya & Miyagi, Flashback пристигнува во текот на нивната 20-та година како група која неуморно прави квалитетна музика зад основачите, David Best и Steve Lewis. Бендот создава отворена, експериментална и повеќеслојна електронска музика. Како колектив тие се еднакво успешни во нивното експериментирање со електронските звуци, и во долгите krautrock излудувања, и при создавањето забревтан електро-поп, како што истовремено ревносно создаваат пост-панкерски настроен скречан танц. Насловот на најновиот албум кимнува на инспирации од нивната придружна младост во (надворешен) Лондон, вклучувајќи 80’s breakdancing и електро. Со прошетка низ седумте песни ја прочистуваат нивната мешавина на мрморениот Краутрок, фанк и пост-панк преку албум кој се чини дека се вклопува во континуиран грув, барем до последната песна.