OX GIRLS e првата целосна женска колекција на нашата марка за улична мода, ОХ.
Од почетокот на брендот во 2018 до сега, OX STREETS стана синоним за стилот на македонската streetwear сцена.
Познати по унисекс парчиња инспирирани од хип-хопот, пост-модернизамот и источноевропската стрит култура, овој пат OX STREETS CO ја претопува својата специфична естетика во првата женска колекција.
Предходната недела, во Кула Галеријата, во Белград, за прв пат во јавност ја промовираа колекцијата. Преку инсталација која вклучуваше изложба на фотографии, видео, изложба на парчињата како и pop-up print соба, во Србија се случи премиерата на женската колекција.
Ох Gallery, во Дебар Маало, ќе биде домот на првата физичка промоција во Македонија, на пролетната женска колекција ОX GIRLS. На настанот eксклузивно ќе бидат достапни за продажба, лимитирани количини од сите парчиња вклучени во колекцијата.
Дропот вклучува 18 парчиња кои се креирани околу различни концепти во слична естетика, визуелно и духовно инспирирани од лексиконот на уличниот слободен стил на облекување. OX GIRLS е колекција која се одликува со вивидни бои, строга женственост, експериментална мода и специфични кроеви. Сите парчиња се етички креирани и продуцирани во Македонија.
Дел од парчињата ќе бидат изложени само оваа сабота, во продавницата и нема да имаат restock и online shop опција.
За тематската музика на настанот, ќе биде задолжена Nastasyakish.
Заедно со ОХ, ве покануваме во сабота од 17:00 часот, да ја искусиме OX GIRLS колекцијата во Оx Gallery.
Фотографија: Моника Павловска