PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“

popup by popup
февруари 20, 2019
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На 22 февруари, со почеток во 20 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ, ќе се одржи промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“ на американскиот автор Питер Гуралник, а во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје.



Роберт Џонсон е еден од најпознатите и сигурно најславниот меѓу сите рурални блузери. Како што вели популарната легенда за него, тој си ја продал својата душа на ѓаволот една ноќ на некој крстопат во Мисисипи во замена за вештини за свирење на гитара. Веројатно неговата музика и свирење им се чинеле толку недостижни и како да не се од овој свет, поради што за него се плеткале приказни за спогодбата која била направена. Џонсон бил фантом кој талкал по САД каде настапувал по разни фарми, клубови, ресторани, веселби, без многу да се знае за него. За време на својот краток, но бурен и динамичен живот, сè што оставил зад себе се снимени 29 песни и многу митови и легенди.

За многумина, тој е најголемиот блузер на сите времиња односно се смета за таков од страна на модерната популарна култура. Со самото тоа тој си обезбедил свое место во пантеонот на музичките легенди, но неговото влијание било огромно и не било ограничено на блузот, туку допрело до сите популарни жанрови денес, повеќе од која било друга блуз фигура. Од неговата музика, покрај блуз музичари кои ги свиреле неговите песни како Мади Вотерс, Елмор Џејмс, Хаулин Вулф и многу други, негови песни се снимени и од плејада популарни рок музичари од Ролинг Стоунси, Ерик Клептон, Лед Цепелин, Ред Хот Чили Пеперс, Боб Дилан, Питер Грин, Касандра Вилсон, Дорс, Вајт Страјпс.

Од времето кога починал на 27 години во 1938 г., разни колекционери и луѓе трагале по информации и сведоштва за неговиот живот и музика. Питер Гуралник е еден од тие кои трагале по неговата оставштина и своите искуства ги ставил во оваа книга. Гуралник е еден од најпознатите американски музички автори и историчари со книги кako „Last Train to Memphis: The Rise of Elvis Presley”, „Dream Boogie: The Triumph of Sam Cooke“ „Sweet Soul Music: Rhythm and Blues and the Southern Dream of Freedom“ и многу други. Соработувал и со режисерот Мартин Скорсезе на неговиот серијал документарни филмови за блуз музиката.

Преводот на книгата е на Ненад Георгиевски, а промотор на промоцијата ќе биде архитектот, фотограф и колекционер на музика, Ангел Ситновски. На промоцијата ќе настапи и познатото блуз дуо In the Mood, во чиј репертоар се застапени многу од песните на Џонсон.

Previous Post

Ind.o.g. и младите македонски артисти за почисто Скопје (галерија)

Next Post

„Гледам лица“ на чудни места

Next Post

„Гледам лица“ на чудни места

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum