PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Гледам лица“ на чудни места

popup by popup
февруари 21, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Гледам лица“ („I see faces“) е личен проект, чиј концепт е инспириран од психолошкиот феномен пареидолија. Пареидолијата се случува кога случајни, бесмислени слики или дразби се перципираат како значаен визуелен или аудио-образец. Да поедноставиме со пример; тоа се случува кога на Марс се гледаат ридови со човечки лица или, пак, кога во текстовите на „Beatles“ некои наоѓаат скриени пораки дека „Пол е мртов“ (дали ви паднаа на памет балканските случаи со ликови на светци во пресечено дрво или шолја кафе? Let’s not go there 😊). 


Насловот на проектот произлегува од еден хаштаг на социјалните мрежи, со кој се собираат слики од корисници што го искусиле овој феномен без да сакаат. Нашите умови се способни не сакајќи да пронајдат лица кога гледаат во одредени геометриски форми што се поставени по случаен распоред.


За претставување на овој концепт, „Гледам лица“ портретира шест лика како шест празни платна. Бледилото на нивните кожи потсетува на недостатокот од бои, како и на неподвижноста на скулптурите од класичната грчка и римска уметност. Секој модел се обидува да долови одредено однесување како замрзната експресија во времето. Пред моделите стојат форми што го деконструираат и го врамуваат секое лице, како потези со четка што ѝ носат боја на секоја ситуација.


Авторите Алваро Пењалта и Хосеп Прат Сорола за овој проект велат:

„Со овој процес го мешаме органското од човечката анатомија со вештачкото и пластифицираното што доаѓа од разнобојните форми на инсталацијата. Овој проект е инспириран од илустраторите од 80-тите, кои составувале лица тргнувајќи од геометриските форми: Питер Сато, Норијуки Танака, Акио Мијаке, Јукио Кита, Перет или Сузан Пицо. Исто така, инспирација ни беа и фотографот Ервин Блуменфелд, кој еспериментирал со затемнети проѕирни материјали што проектирале боја на неговите модели, и Тери Џонс, графички дизајнер што се потпишува на неколку насловни страници за магазинот i-D“.





Previous Post

Промоција на музичката биографија „Во потрага по Роберт Џонсон“

Next Post

Пет незаборавни моменти од Оскарите

Next Post

Пет незаборавни моменти од Оскарите

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum