На 18-ти мај ќе ја организираме #3 трета работилница за нашите членови и пошироката јавност заинтересирана за развој на игри на уникатен и свеж начин. Ве покануваме во просториите на Хаклаб КИКА. Од 19:00 до 23:00. На оваа работилница ќе сервираме трпеза на која што ќе имате можност да вкусите дел од специјалитетите кои секојдневно ги готвиме за нашите членови на уникатет и вкусен начин.
Работилницата ќе се одржи во Хаклаб КИКА, на 18 мај со почеток во 19 часот.
Мени:
- Предјадење – Проекција на “Stress-Free Game Development: Powering Up Your Studio With DevOps” од GDC 2020 – 60 минути
- Главно јадење – Работилница за мапирање и изложување на цевки за развој на игри од различна перспектива на професионална деформација – преку индивидуална и групна работа – 60 минути + 30 минути дискусија
- Десерт – Слободни гејмерски активности – 60 минути
Во кратки црти ќе ви претставиме еден можен пристап како да ги трансфомирате вашите идеи во готов производ користејќи ја моќта на една заедница за развој на игри. Со тоа знаење можете да бидете еден чекор поблиску до реализација на вашите лични идеи за игри кои отсекогаш сте сакале да ги остварите, но не сте знаеле точно како.
Очекуваме голем дел од од нашите постоечки членови да ја посетат оваа работилница и да споделат дел од нивното искуство во нашата заедницата.
Предуслов за учество:
- Минимално работно искуство како дел од мал или голем тим за развој на игри или софтвер
- Желба за подобрување на процесите за работа во гејминг и ИТ индустријата
Бројот е ограничен на 20 места. За да учествувате на работилницата потребно е да се регистрирате – тука.
Доколку ве интересира да дознаете повеќе за нас ви стоиме на располагање на нашата веб страна galacticomnivore.com каде можете да го започнете со истражување на нашиот дискорд сервер.