Претставата е во превод на Иван Калошев и Ана Батева. Сценската верзија и режија е на Ана Батева, а музиката е на Стефан Здравески. Во претставата играат: Надица Петрова, Бобан Алексоски, Димитрина Мицкоска, Григор Јовановски, Миа Кантарџиева, Давид Илиќ.
„И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм. Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред. Тој ден човек ги прифати сите негови стравови и со насмевка се соочи со смртта. Тогаш се препушти на инстинктите и даде старт на нов свет, со свои правила и принципи. Тогаш смислата доби ново значење, а волјата за живот стана водилка. Така група артисти се качија на сцената и со песна и хумор му се спротивставија на апсурдот.“
Билетите изнесуваат 300 денари, истите се достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.