„Во основно и средно школо тоа беше музиката, а моментално, буквално уживам кога сум дел од било каква организација или настан кој на луѓето им нуди некакво автентично искуство. Сакам добро друштво и нови места, двете заедно уште подобро, па затоа знам да се лутам кога ќе ‘утнам провод’. Особено бидејќи јас сум тој што најчесто го раскажува „проводот“ отпосле…“, вели Марио. Дознајте нешто повеќе за него. Мислиме дека ни е полн погодок за ново PopUp лице 🙂
Oмилени режисери:
Искрено, немам омилен, но ако треба да издвојам неколку, тоа би биле следните:
Мајкл Ман [Michael Mann]
Алфонсо Куарон [Alfonso Cuaron]
Паоло Сорентино [Paolo Sorrentino]
Дени Бојл [Danny Boyle]
Гaс Ван Сант [Gus Van Sant]
Европска или американска кинематографија?
Европска, американска, азиска, африканска, австралиска, секаква искрено. Не гледам поента во таа константна дебата која кинематографија вреди повеќе, која помалку. На крајот од денот сите кои се бават со филм пробуваат на свој начин да раскажат одредена приказна и пренесат некакви вредности што таа ги носи со себе. Некој поуспешно, некој помалку успешно, но сепак разновидноста и оригиналноста, како во содржината, така и во техниката, според мене се едни од најбитните моменти кои го прават филмот актуелен секаде и во секое време.
Место на кое би се преселил без да ми трепне око:
Плажата од филмот The Beach во режија на Danny Boyle, само без лошите батковци што се пукаат со Leonardo DiCaprio.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од филм со кого би можел да бидам цимер:
Не е од филм, ама дефинитивно на сите ни треба еден цимер како Todd Chavez од анимираната серија BoJack Horseman.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Инстаграм, бидејќи уште како мал обожавав да листам фотоалбуми и ги распрашувам моите за секоја приказна, позади секоја фотографија.
Последна книга што ми оставила голем впечаток?
C. G. Jung – Memories, Dreams, Reflections
Места во Скопје на кои правам reset и recharge се…
Во зависност од расположение и време, некогаш може да биде пијачка и журка во Минус Еден или ФДУ Бифе, а некогаш кафе-атмосфера со многу муабети во Дрип Кофи.
Омилена сцена од филм:
Прва која ми паѓа на ум е сцената со забавата при отворањето на филмот The Great Beauty (La grande bellezza) од Sorrentino, а веќе кога сме кај тој филм, строго го препорачувам.
Kоја superpower би сакал да ја поседуваш?
Апсолутен слух, за да можам да отсвирам сè што ќе слушнам.
П.С. дечки да, вие што имате апсолутен слух – имате супер моќ 😮
Најсреќен ме прави…
Остварена цел, бидејќи таа води до следна цел, па следна цел, па следна цел..
И така цело време сме најсреќни, нели?
Неостварена желба ми е да одам на концерт на:
Журка на Octave One, сакам да го кршам вратот со дедовците!
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Jan Hammer Group – Don’t You Know (Jimi Bazzouka Edit)
Guts – Brand New Revolution
Idris Muhammad – Could Heaven Ever Be Like This
France Gall – Ella Elle L’a (Folamour Edit)
Quantic – Sol Clap
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: