Филм(ови) што ме освоил(е) на прва: Многу се такви, па ќе ги напишам првите што ќе ми дојдат пред очи: „Stalker“ на Тарковски „Cafè de Flore“ од Јean-Marc Vallée „3-Iron“ корејската романтична драма од Kim Ki-duk „Castaway“ on the moon од Lee Har-jun, уште една корејска романтична драма „Mulholland Drive“ на Линч „Parasite“ на Boong Joon-ho пак корејска кинематографија… „1917“ на Sam Mendez поради маестралната изведба на кинематограферот Roger Deakins
Серија што мора да се изгледа: „The Wheel of Time” е серијата што деновиве ја гледам и комплетно ме обзема. Театарска претстава што ми оставила голем впечаток (а не сум играла во неа) „Се’ уште без наслов” на Томи Јанежиќ, цели 11 часа театар, во изведба на Словенско драмско гледалиште. Театарска претстава што е дел од мене (а сум играла во неа) „Мојот маж” во Драмски Театар.
Книга што ме оставила без здив: „100 години самотија” од Г. Г. Маркез „Демони” од Ф.М. Достоевски „Градина на мачењето” од Октав Мирбо „Играј, играј, играј” од Харуки Мураками Драмски писател што ме фасцинира: Franc von Strolhen или Christian Winkler е режисер, драмски писател и сценарист, со кога имам соработувано на два театарски проекта. Создава современи германски претстави и перформанси, неговиот досетлив и непредвидлив пристап во пишувањето секогаш ме поттикнува длабоко да размислувам на глобалните теми што ги опфаќа. Режисер чијшто начин на работа ме воодушевува: Навистина сум имала привилегија да работам со најдобрите македонски режисери и на филм и во театар. Би ги издвоила Милчо Манчевски, Нела Витошевиќ, Даријан Пејовски, но поради големата мудрост и истовремено детскиот ентузијазам кој секогаш си го носи со себе, оној на кого најмногу му се воодушевувам е режисерот Слободан Унковски. насловна фотографија: Жарко Чулиќ