Под водство на Associazione culturale Mulab од Италија, истиот е подржан од Национална агенција за млади на Италија (Agenzia nationale per i giovani), а ги вклучува партнерските организации Rinova Limited (Велика Британија), HFC–Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска).
Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата кои ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата.
Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива “Бостание,” кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.
Градината ќе има за задача да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење на дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање на одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.
За повеќе информации посетете ја официјалната страница на проектот:
https://www.bigtimetakeover.eu/.