Јас сум Вера. Родена сум на улица. Пред три години ме удри кола, но две девојки од Daisy Family Rescue ме најдоа и не ме оставија.
Ми помогнаа, ме лекуваа и имаа верба во мене дека ќе оздравам. Затоа и се викам така 🙂
Нема да се правам скромна, навистина сум слатка и мила, премногу сакам да се дружам со луѓе, но и други кученца. Од активности најмногу сакам да јадам, шетам во парк и во кафичи.
Каде и да одам се вртат по мене, но за жал сè уште немам дом и сум во потрага по семејство што ќе ме сака.
Прекарот ми е Вера Loco, а баш се прашувам зошто, кога сум многу умна.
Девојките имаат уште многу кученца како мене кои ги спасиле и на кои им бараат дом. Не можат, сами се, па затоа им е потребна помош. За да соберат средства за ветеринар, продаваат рачно изработени производи, како марами за кученца, платнени торби, приврзоци и што уште не. Заследете ги на @daisyfamilyrescue или доколку сакате да ги поддржите, можете да станете нивен патреон и би донирале одредена сума по ваша желба секој месец на овој линк.
Со љубов, Вера