Изминативе 9 години имавме шанса да ги слушнеме најактуелните имиња на музичката сцена, а лани официјално се отвори новата летна сцена – МКЦ парк во која совршено се вклопи прогресивниот музички крик – ЗДРАВО МЛАДИ.
Единствениот скопски летен фестивал оваа година ја закажува средбата на 27 август! Првата најава за овогодинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ доаѓа со данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang. Бендот го сочинуваат 3 пријатели од детството: Mads Brauer, Casper Clausen и Rasmus Stolberg.
Седум години по последното студиско издание, бендот се враќа во студио и го издава петтиот албум насловен Altid Sammen, кој критиката го прогласи за најдобар досега. Периодот на транзиција, проследен со големи авантури и креативно истражување, резултира со албум кој е смел и амбициозен, но сепак ангажиран на примарно и емотивно ниво. Албумот Altid Sammen не отстапува од експериментирање, што е заштитен знак на бендот уште од нивниот деби-албум. Крајниот резултат од сите овие патувања, сите овие експерименти, е најдобрата музика во кариерата на Efterklang.
Earlybird билети по цена од 500 денари се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk