Се занимавам со продуцирање на песни, а тоа подразбира правење на инструменталот, давање идеи и нови перспективи на други артисти, пишување текст, basically сѐ што се асоцира со правење музика. Кога не слушам музика, најчесто гледам или слушам работи што ќе ме поттикнат да размислувам на начин за кој не сум бил свесен до тој момент, медитирам и седам со екипата у маало, фристајламе, лабавиме. Lifegoal ми е да правам тоа што го правам сега, само уште поефективно, а тоа е да смислувам нови начини на експресија и да им покажам на луѓето дека и они можат да го прават истото секојдневно од љубов, без да се чувствуваат осудени од луѓето околу нив и општеството.
Разликата меѓу Дарко од EASA и tensixty e:
Ја сум убав, он не е 💤
Место на кое веднаш би се преселил без да ми трепне око:
Исто ми е било каде, нема околина што би ми ги сменилa принципите по кои што се движам во секојдневието, зен type beat.
Како изгледа твојата bucket листа?
Веќе си исполнив сè што сакав, а тоа е да најдам луѓе што го вреднуваат мојот труд, а и моето постоење воедно, и да можам секојдневно да се изразувам како што јас сакам.
Познат лик со кој би можел да бидам цимер:
Џони Деп
Во мојатa DJ hall of fame, би ги ставил диџеите:
Не сум следел ниту еден диџеј, не се ни чувствувам доволно навлезен во тоа за да можам да кажам било кој, само пуштам по настапи на моите другари. Но како продуцент највеќе впечаток ми оставиле Kanye, Southside, TM88, Metro, Zaytoven, Hans Zimmer, Mike Dean, Mozzart.
Места во Скопје на кои правам reset и recharge се…
Не сум човек што искача надвор често, така да – дома.
Kоја superpower би сакал да ја поседуваш?
Timetravel.
Најсреќен ме прави…
Најсреќен ме прават студио сесии со другарите.
Артисти кои влијаеле на мене:
Travis Scott, Kanye West, Young thug, Juicy J и Future.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш:
Деновиве баш се навраќам на албумите и песните што ме поттикнале да дојдам до овој степен во животот: 808s & Heartbreak, Rodeo, Yeezus, Dirty Sprite 2, Barter 6, но и многу други пошо секогаш сакам разноврсно да слушам, иако 60% од тоа е трап, како што би го нарекле луѓето во Македонија.
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
Бонус трака што ми е прејака на мене дур ја правевме и средувавме е DeGran LoBe од мене, Trojche, Nako и ent. под името TNT:
https://youtu.be/K8sdXLMJSHA
(Текстот не е лекториран со цел да се зачува неговата автентичност.)