PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Original Bauhaus – изложба по повод 100 години од основањето на Баухаус

popup by popup
јануари 23, 2020
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Изложбата е една од неколкуте изложби во 2019 година организирани по повод 100 години од уметничкото движење и основањето на најважната и највлијателната авангардистичка  школа за дизајн во светот – Баухаус.
Просторот на Берлинише галери често нуди исклучителни изложби и е еден од најзначајните и најдобри музеи за модерна и современа уметност во градот, а во својата постојана поставка, секако има и дела од членови и професори на Баухаус. Оваа изложба е една од најпопуларните, бидејќи привлече и публика која не би одела во објектите наменети повеќе за познавачи и стручна публика, во таа смисла, оваа изложба привлече поголем број „обични“ љубители на уметноста и посетители, бидејќи има придружна програма и специјални интерактивни станици наменети токму за овие посетители, за ученици и за деца.
Иако Баухаус постоел само 14 години (од 1919 до 1933), тој сепак до денес има огромно влијание врз современата уметност и дизајн, што секако се должи на оригиналноста и квалитетот на уметничкиот израз. Токму овој израз ги отвора и прашањата во врска со продукцијата на објектите – а тоа е главна тема на оваа изложба со преку 1000 експонати кои сведочат за работата на професорите и студентите.  Тежиштето е ставено на 14 клучни објекти и нивни продукциски групи, со кои изложбата се обидува да ги протолкува значењата на оригинал и копија, уникат и серија, прототип, модел, репродукција, реплика, имитација, плагијат, омаж, персифлажа и фалсификат.
12 дела од современи уметници се настанати специјално за оваа изложба, но секако со фотографските импресии ќе видите мал дел од изложбата, која имаше и големи и многу ситни експонати што го репрезентираат извонредното творење во школата.
Насловната фотографија е описно назначена како “најпознатата непозната на Баухаус” и се однесува на студентка со театарската маска од Оскар Шлемер, седната на столот од Марсел Бројер, околу 1926 година.

Облека на „непознатата“. Посетителите можат да седнат на столицата и да стават маска…

“Универзумот” на школата е претставен на скица од Паул Кле:

Посебно важни за Баухаус се секако шарите и мотивите за теписи и текстил:

Гертруд Арнт, тепих – Gertrud Arndt, Teppich Thost, 1927, Bauhaus-Archiv Berlin, photo: Markus Hawlik © VG Bild-Kunst Bonn 2019

 
Фигури од хартија – Баухаус – тогаш и сега:
 




Тријадиски балет на Оскар Шлемер:

Фотограм – Ласло Мохоли-Наџ и Луција Мохоли:

Чајниците за екстракт на Маријане Брант биле направени за сериско производство, но сепак засекогаш останале уникат. Сите седум примероци се собрани на едно место:

Marianne Brandt, Tea infuser (MT 49), 1924 / Bauhaus-Archiv Berlin, Photo: Gunter Lepkowski / © VG Bild-Kunst Bonn

Новитет во музејот се специјалните слики, преку кои и слепи луѓе имаат можност да ги “видат” сликите преку допир:

 
 
Насловна фотографија:
Ерих Конземилер, материјал за фустанот: Елизабет Бајер-Фолгер, © сите права задржани – Баухаус Архив Берлин и Д-р Штефан Конземилер
 
Елизабета Линднер Костадиновска

Previous Post

City Agenda: Распоред на настани (22.1 – 29.1.’20)

Next Post

PopUp Faces: tensixty

Next Post

PopUp Faces: tensixty

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum