Место на кое би се преселила без да ми трепне око:
Порто! Сум патувала многу, но ова е првиот град за кој сум рекла: Е, тука би живеела. Град со шарм, автентичност и уметност на секој чекор. Најмногу ме воодушеви тоа што луѓето никаде не брзаат и уживаат во секој момент. Башка португалското пециво pastel de nata сѐ уште не можам да го заборавам.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од филм/серија со кого би можела да бидам цимерка:
Моментално сум опседната со Coisa Mais Linda на Нетфликс . Па ќе речам дека би сакала да бидам цимерка со Малу, во станот нејзин во Рио со поглед на океан.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок? (и зошто)
Инстаграм. Затоа што зрачи со креативни луѓе. Следам многу профили кои ми се секојдневна инспирација: за проектирање, за свирење, за готвење, за мода. А исто така и некои профили што ми се чисто за плакнење очи. Додека мојот акаунт го користам за онлајн документирање на најубавите моменти од мојот живот. Или можеби најфотогеничните 🙂
Последна книга што ми оставила голем впечаток е…
Nightingale – Morgana Gallaway (или Славејот, кај нас). Книга за млада девојка од Ирак која се бори со сите предрасуди како жена и се бори за нејзиното право на образование. Сметам дека добра книга е кога ќе те научи нешто ново и ќе те натера да се запрашаш.
Места на кои правам reset и recharge се… (и зошто)
Дефинитивно во викендичката во Соње. Природа, чист воздух и вкусни домашни ручеци со мојата фамилија.
Омилена сцена од филм:
Сите сцени од Moulin Rouge, омилен филм на сите времиња ми е. Заљубена сум во мјузикли уште од дете. Ама ако морам да бирам веројатно би билa сцената со El Tango de Roxanne.
Јадење што знам да го зготвам како врвен chef…
Врвен шеф е само баба ми. А јас би рекла дека најдобро печам компири со триста зачини и со карантинов научив да месам одлична домашна пица.
Ако имам следен живот, во него сакам да…
…сум мачка. Спиеш и јадеш по цел ден, изгледаш супер без да се трудиш и сакаш да се галиш и предеш.
Кои три нешта би ги ставила во временска капсула?
Гулашот на баба ми, прегратките од најблиските и звукот на брановите.
Kоја superpower би сакала да ја поседуваш?
Телепортирање дефинитивно. Затоа што сакам да патувам но и затоа што често знам да доцнам.
Најсреќна ме прави… (и зошто)
Смеењето со пријателите и кога ќе успеам да реализирам некоја идеја, било да е проект на факултет или песна отсвирена на клавир.
Неостварена желба ми е да одам на концерт на…
MUSE. Толку легендарни албуми и секој со свој специфичен звук. Тоа би било навистина dream come true.
Не сакам да трошам време на…
Нервирање за сè и сешто и токсични луѓе.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Од R&B до dancehall до регетон до самба до боса нова. Исто како и моето расположение 🙂
Chloe x Halle – Forgive Me
Burna Boy – Anybody
Antonio Carlos Jobim – Aquarela do Brasil
Leandro Lima- Ver o mar
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче:
Боса нова е музиката на мојот живот.
Нема нешто што ме смирува повеќе од оваа музика, едноставно те носи на плажа со коктел во рака.
(Текстот не е лекториран со цел да се задржи неговата автентичност.)