PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Кино на трева во МКЦ парк

popup by popup
јули 9, 2020
in Филм, Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На репертоарот на летното кино се:
„Куќата што ја изгради Џек“
10 јули (петок)
THE HOUSE THAT JACK BUILT
режија: Lars von Trier
САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

„Всушност, никогаш не беше тука“
11 јули (сабота)
YOU WERE NEVER REALLY HERE
режија: Lynne Ramsay
Корупцијата, одмазда и внатрешни демони се главните теми на филмот. Жоакин Феникс е во улога на трауматизиран и емоционално дистанциран ветеран и поранешен агент на ФБИ, кој живее со дементна мајка, која исто така е единствената негова врска со она што може да се нарече нормален живот. По војната и службата, Џо (Хоакин Феникс) станува платеник за да преживее.
Неговата специјалност е да ги спасува девојките кои станале бело робје. Причината за неговата последна мисија е Нина, ќерка на сенаторката од Њујорк (Екатерина Самсонов), киднапирана и ставена да работи во бордел во Менхетен. Неговата задача е да ја најде, да ја доведе дома и да го убие секој што ќе му застане на патот. Кошмарите на Џо почнуваат да го обземаат, што може да доведе до две можни опции – смрт или негово будење.

Previous Post

Андреа Рато: Ефектот на гентрификацијата во Европа

Next Post

PopUp Faces: Михаела Јаневска

Next Post

PopUp Faces: Михаела Јаневска

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum