Сакам кога некој ќе ми покаже нова музика или нов филм, а особено кога мисли дека ќе ми се допадне, а мене нема воопшто. Исто така сакам рандом хумор, правење на гримаси и макарони со туна.
Од сите албуми на кои сум работел досега, најгорд сум на…
Не би можел да издвојам кој албум ми е најдраг, бидејќи сите ми отсликуваат одреден период во животот и си носат своја приказна со себе. Ама еве, бидејќи “Сам Дома” ми е најново издаден албум, и е направен за време на изолација од COVID-19 во период од 2 недели, може да го земе spotlight-от.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Ликови од македонската музичка сцена кои ветуваат многу се:
Лаз Веѓас и Јасмин се најдобрите рапери што ги познавам. Пики и Вуисах спремаат опасен албум, ВецВајсВерс и Дарко Маркоски допрва имаат што да кажат, а Шумарочуварот разгранува нов жанр за фановите на апсурдот во музиката. Слика и астрономика се фантастични продуценти кои заслужуваат многу повеќе внимание. Plutos Doubts се исто така супер.
Благодарност до Чиста Околина, Гоце САФ, Даре ДТ, Druggy, Foolish Green, Влатко Стефановски и
Владимир Четкар за тоа што го правам јас и горенаведените артисти денес.
Лик од филм или серија со кого би можел да бидам цимер:
Walter Mitty
Омилена сцена од филм:
Средбата со волкот во “Fantastic Mr. Fox”
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Мислам дека моментално Инстаграм е епицентарот на социјалните мрежи, така да преферирам таму да го поминувам “денгубењето” и да се кикотам на македонските инфлуенсери што ни посочуваат “како треба во животот”. 🙂
Oмилен дел од работата како музички продуцент:
Го обожавам креативниот процес, нафрлување на разновидни идеи при почеток на креирање на продуктот. Обично тоа е запознавање со некој нов семпл или пак мумлање на некоја мелодија во глава.
На Скопје му недостига…
…повеќе зеленило, повеќе алтернативно-музички настани и поголема колективна култура.
Најсреќен ме прави…
Мојот и успехот и на моите блиски ме прави среќен. Покрај тоа, патување на места каде што не сум бил.
Неостварена желба ми е да одам на концерт на…
Сакам да одам на концерт на Vojko V. Човекот знае што прави и го прави тоа на најдобар начин. Исто така сакам и на Kendrick Lamar, Run The Jewels, Tyler, the Creator, Danny Brown, Gorillaz, Action Bronson, Brockhampton, Prof, Hobo Johnson и Kanye West…ама да не претерувам. 😀
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
(не можам да се одлучам за песни, еве албуми):
Yussef Kamaal – Black Focus
Big Red Machine – Big Red Machine
Teyana Taylor – K.T.S.E.
Lausse The Cat – The Girl, The Cat and The Tree
Westside Gunn – Pray for Paris
Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова: