Ваков катализатор во последниве неполни две години е дискографската куќа ПМГЏЕЗ (pmgjazz.bandcamp.com http://www.pmgrecordings.com/pmgjazz.php), која наметна силна динамика со изданија, концертни промоции, сеопшта присутност и поттик за работа. Со 15-ина изданија, повеќе промотивни настани и концерти, нов џез фестивал во најава и секако свежината на новиот бран, ПМГЏЕЗ сериозно се наметнува како сериозен двигател на џез културата, сфатена најшироко.
Како одговор на карантинот и неможноста да се излезе и свири во живо, деновиве ПМГЏЕЗ ја заокружува најновата иницијатива, која носи интересен наслов: 5Џ.
Oвој петок, 15 мај, ПМГЏЕЗ ќе го забележи последното, петто по ред издание (секој петок носеше ново) на современ македонски џез албум во продукција на оваа дискографска куќа. За нешто повеќе од месец дена, македонската дискографија е збогатена со пет нови извонредни албуми, кои ја разбрануваа специјализираната џез јавност и задоволија вкусовите на оние кои ја следат оваа култура. Повелете послушајте и уверете се во квалитетот и свежината која моментално е присутна на нашата џез сцена. Сите изданија на ПМГЏЕЗ можат да се набават на нивната Бенд Кемп страница (pmgjazz.bandcamp.com)
Yordan Kostov Quintet – Plush Pig [PMGJAZZ009]
Svetlost – Six Years [pmgjazz010]
Sethstat & Mirko Popov – Live (Docen Čas) [pmgjazz011]
SD4 [pmgjazz012]
COBALT CODE UNIT – Rural [pmgjazz013]