Место на кое би се преселил без да ми трепне око:
Јас лично, не верувам и не се потпирам на прилики и одлуки во кои треба да реагирам спонтано. Сите знаеме да направиме грешни одлуки… Но ако морам да се преселам би го одбрал Њујорк.
Лик од филм со кого би можел да бидам цимер:
Спајдермен.
Фејсбук, Твитер, Инстаграм или ТикТок?
Инстаграм, затоа што таму прокрастинирам најмногу.
Последна книга што ми оставила голем впечаток?
Немам читано нешто што ми оставило впечаток.
Места на кои правам reset и recharge се…
Дома во мојата соба. Мислам дека домот е манифестација на умот, место каде што сам со себе можам да се соочам.
Омилена сцена од филм:
Било кој дел од Борат филмот!
Kоја superpower би сакал да ја поседуваш?
Вончовечка регенерација на телото. Тоа ми звучи најпрактично…
Првите три нешта што сакам да ги направам кога ќе се вратиме во нормала се:
Да почнам со факултет, да се видам со другарите и да го дишам загадениот воздух без маска.
На Скопје му недостига:
Повеќе чешми низ градот и помалку трачарење.
Најсреќен ме прави…
Поминот со блиските, затоа што меѓусебната комуникација е начин на кој човекот може да се одмори, да ужива и понекогаш да научи нешто ново.
Неостварена желба ми е да одам на концерт на:
Stevie Ray Vaughan
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш песните:
Stevie Ray Vaughan – Testify
Voodoo Chile, Texas Flood, Tight Rope, Life Without You итн.
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: