Место на кое веднаш би се преселила без да ми трепне око е…
Дефинитивно Њујорк бидејќи има исклучително завиден урбанистички план и изобилува со интересни градби. Потоа, самата импулсивност на градот, премногу различни луѓе, никогаш нема да ти е здодевно сам на шанк, а истата личност на која си и го раскажал целиот животен пат е многу тешко да ја сретнеш повторно.
Може ли да ја ѕирнеме твојата bucket листа? 😊
Лик од книга или филм со кого би излегла во сабота навечер:
Wade Wilson (Deadpool), Tyrion Lannister (GoT), Spencer Reid (Criminal Minds), Hannibal Lecter.
На Скопје би му изградила…
Подземен сообраќај на една од поубавите улици во Скопје по која најчесто пешачам (Орце Николов).
Најголемо изненадување што ми го приредиле EVER…
Кога место по цимет во маркет како што ми беше најавено, ме однесоа на концерт на Underworld. Не бев свесна за што беа луѓето толку хајпнати околу мене, се до моментот кога на сцената не прочитав: Stage changover, UNDERWORLD next.
Омилено место во Македонија ми е…
Кокино, поради пејзажот на зајдисонце и breathtaking глетката на соѕвездија навечер.
Kоја superpower би сакалa да ја поседуваш?
Мнооогу би сакала да можам да се телепортирам, така би била секогаш и секаде на време 😀
Најсреќна ме прави…
Кога сите мали работи (ситници) во денот ќе ми се погодат, како на пример, првото кафе.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш…
🎵 Moodymann – Why Do U Feel
🎵 CamelPhat & Cristoph – Breathe
🎵 AL018 – Mathame – Nothing Around Us (with Lyke)
🎵 Monolink – Return To Oz (ARTBAT Remix)
🎵 UNDERWORLD, Dark And Long (Dark Train), 1999
Bonus track од мене. Сакам сите што ме читаа на PopUp денеска да го слушнат ова парче: