Последното издание на овој настан се одржа во декември 2019. Овие гаражи, кои веќе неколку децении се добро познато прибежиште на алтернативната и независната култура повторно ќе бидат оживеани со изложба и музика, во организација на колективот „Кула“.
Уметниците кои ќе учествуваат на годинешната изложба се:
Душан Стефановски
View this post on Instagram
Јован Јосифовски
View this post on Instagram
Ана Трајковска
View this post on Instagram
Партизанска Штампа
View this post on Instagram
Марко Гутиќ Мижимаков и Ника Печарина
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Камелија Каламеринкова
View this post on Instagram
Соња Ставрова и Бранкица Јордановска
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Сања Симоска
View this post on Instagram
Ертунч Сали
View this post on Instagram
Викторија Попоска
View this post on Instagram
Самир Карахасан
Маркус Броунлоу (Macus Brownlow)
Селчук Чолакоглу (Selcuk Colakoglu)
Илина Василеска
Покрај изложбата, нашите драги Кулаши подготвија и музичка програма:
Дивоградба
– Го слушаш алтернативниот звук измешан со пост – панк звукот, но нешто те тера подлабоко да навлезеш во загадочниот текст и целата приказна зад можеби не толку концептуалниот албум. Се мешаат две енергии, два гласа, две засебни реакции на заедничка средина. Користејќи ги скромните резерви на градежен материјал што ги имаат тие ја создаваат нивната “Дивоградба”
Мариналеда
– Панк рок бенд од Скопје, for fans of: Leatherface, Husker Dü, Dinosaur Jr., Archers of Loaf, Small 23…
Неодамна го издадоа нивниот трет албум “Кредит на мртов човек” во лимитирано издание на 40 аудио касети кој ќе биде достапен на настанот.
Перија
– Перија е музички состав кој може да се класифицира како dark folk или world music. Нивната музика е експеримент составен од музичките влијанија на членовите, кои варираат околу традиционалната музика на балканот, макамите од Блискиот Исток, пост – панкот, атоналната музика, итн. Текстовите на песните се на различни јазици од балканот, нивната идеја е едноставна: заедништво, неподеленост, неомраза. Темите на кои се нафаќаат се често деликатни општествени теми (содржани во поемите на автори од балканот и Турција), исечоци од весници или стари, заборавени (често морбидни) песни од селата низ целиот балкан. Перија е македонски збор со турско потекло и значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството кое тие се обидуваат да го пренесат во својата музика.
+ продажба на црежи, графики и дигитални дела од Кула колектив
+ греено вино