PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Победниците на светскиот натпревар во архитектонска фотографија

popup by popup
јануари 14, 2022
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Се разбира, натпреварот годинава е чист одраз на предизвиците на времето во кое живееме, во прв план влијанието на пандемијата врз градскиот живот и архитектура. Круната ја понесе Лиу Џингао со фотографијата на која може да се види како изгледа еден празник поминат надвор за време на пандемијата во Кина. Истовремено, оваа фотографија е победник и во категоријата Чувство за место.

Победникот на натпреварот се избира помеѓу фотографии пријавени во неколку категории: Екстериер, Ентериер, Чувство за место, Згради во употреба, Мобилни фотографии (темата годинава беше Зазеленување на градот), и Портфолио (темата беше Објекти со историја).
Победник во категоријата Портфолио (Објекти со историја) е Ни Деји со фотографијата на железничката станица Кашинг.


Победник во мобилната категорија е Чен Гуанхонг со неговата фотографија на Градините во Гети Лос Анџелес.

Оваа интернационална награда што постепено добива замав и голема популарност од своето основање во 2012 година може да се пофали со исклучителната разноликост и шаренило во темите и мотивите. На натпреварот пристигнале 2000 фотографии од 42 земји, а жирито составено од реномирани фотографи и архитекти имало навистина тешка задача.
Победниците во другите категории се:

Екстериер: Кевин Сијуан

Ентериер: Тан Чиао

Објекти во употреба: Крис Провуст

Previous Post

Женската превласт во најновата македонска кинематографија

Next Post

Мартина Баракоска е нова членка на Funk Shui

Next Post

Мартина Баракоска е нова членка на Funk Shui

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum