Во објавата на социјалната мрежа Инстаграм, членовите на Funk Shui се простија со својот досегашен тапанар Давид Николовски:
„2021 беше година на свртување кон себе, за сите нас. По многу долги разговори, сфативме дека нашите соништа за иднината веќе не се исти како на почетокот.
За жал, мораме да објавиме дека нашиот последен концерт во октомври беше последното шоу со Давид како член. Како што можете и да замислите, ова не е лесно за никој од нас. Заедно поминавме 11 години во свирки, патувања, смеа, караници, плачење, делејќи добро и лошо, делејќи ги моментите на славење и разочарување. Го сакаме и му посакуваме сè најдобро во неговите идни планови.
Истовремено, возбудени сме што Мартина ќе ни донесе свежа енергија и ќе ни стане нов доживотен пријател. Се радуваме на новото заедничко поглавје.
Добредојде Мартина, бескрајно ти благодариме Давид.“
https://www.instagram.com/p/CY1602sLLEF/
Инаку, ова не е првата трансформација на бендот. Funk Shui го започнаа своето постоење на сцената со Стефан Стојанов (бас гитара), на чие место подоцна доаѓа Михаил Намичев. Последните неколку години, со својата работа успеаја да предизвикаат голем интерес надвор од границите на земјава што им донесе номинации за награди на манифестации како „Adria Muzzik Video Awards“ и „Hemi Music Awards“. Досега составот ги има објавено албумите „Етер“ во 2012, „R.E.M“ во 2015 и EP изданието „Импулс“ во 2018. Музичкиот портал Balkanrock го прогласи синглот „Метеори“ за најдобар сингл на 2020, а во меѓувреме тие настапија и на Athens Music Week. Минатата година беа актуелни по синглот НЕ ВРЕМЕ, соработка со Вера Милошевска Јосифовска од групата Љубојна.