PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пет жени на надреализмот

popup by popup
ноември 22, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Иако во надреалистичкото движење што се родило во Европа во XX век доминирале мажите, и жените имаат огромен придонес, па затоа овој текст се однесува на пет надреалистки, кои не се Фрида Кало.
Гертруда Аберкромби
Со особена наклоност кон месечината, црните мачки и мистериозните жени, Гертруда Аберкромби предава еден замислен готички Среден Запад во своите слики. Потекнува од Остин, Тексас, а поголемиот дел од животот го поминала во Чикаго. Во 1940 година, заедно со сопругот, се преселиле во луксузен викторијански дом каде што често приредувале екстравагантни забави за џез-музичари и артисти. Како контраст на ваквиот нејзин бурен живот, рамните фигури и широките пејзажи на Аберкромби, тивко осветлени од ноќното небо, им даваат световен допир на сликите, кои како да доаѓаат од некој друг свет.

Ремедиос Варо
Кога почнувала Втората светска војна, шпанската сликарка Ремедиос Варо и нејзиниот втор маж, францускиот поет-надреалист Бенжамен Пере, избегале од Шпанија, која била под власта на Франко, и од Париз, кој бил окупиран од нацистите, па се преселиле во Мексико. Таму Варо го развила својот ингениозен надреализам. Била под влијание на литературата, природата, религијата и пријателствата со сликарката Леонора Карингтон и со фотографката Кати Горна. Така ја превела својата интелектуална и спиритуална љубопитност во фантастични слики. Од покриената жена со очи во форма на бадем и дива сребрена коса, која се подготвува да се ослободи од машкиот дух во Woman leaving the psychoanalyst (1960), до тенката женска фигура што меле ѕвезди во вселената и ја храни месечината во Star Papilla (1958), сликите на Варо се вистинска репрезентација дури и на најлудите соништа.

Доротеа Танинг
Birthday (1942) е прогонувачки и вознемирувачки автопортрет на Доротеа Танинг како жена со разголени гради. Артистката и митското суштество со крилја гледаат во непознат натрапник што би можел да биде и самиот набљудувач на делото, кој ги прекинува пред да тргнат на патување низ бескрајниот коридор со отворени врати. Инспирирана од дадаизмот, Танинг често претставувала млади жени во состојба на емоционален одмор или сексуален нагон. Доротеа живеела во Њујорк каде што се запознала со други надреалисти и со својот сопруг Макс Ернст. Двајцата живееле во Њујорк и во Седона, Аризона, пред конечно да се преселат во Франција во доцните 50-ти на минатиот век, каде што Танинг почнала да се фокусира на апстракција и скулптура. По смртта на Ернст во 1976 година, Танинг се вратила во САД и објавила две книги со мемоари.

Хелен Лундеберг
Во 1934 година, една од најважните американски надреалистки Хелен Лундеберг и нејзиниот сопруг Лорсер Фителсон, го создале постнадреализмот, пишувајќи го единствениот манифест што го предизвикал манифестот на Андре Бретон за надреализмот. Овој манифест се залагал за изразување на психичкиот автоматизам. За разлика од своите европски колеги, Лундеберг верувала во користењето порационална форма на креативност за да се претстави несвесниот ум. Како луциден сон, нејзините слики се внимателни размисли за мистериите на биологијата, астрономијата и физиката.

Леонора Карингтон
Британската артистка Леонора Карингтон имала блескава кариера во временски распон од седум децении. Производ на оваа кариера се широк дијапазон слики и скулптури што истражуваат митолошки теми, а исто така објавувала и раскази. Откако се преселила во Франција со својот партнер, сликарот Макс Ернст, Карингтон учествувала на „Интернационалната изложба на надреализмот“ во 1938 година. Во следните четири години, таа страдала од нервен слом, учествувала на изложбата „Првите документи на надреализмот“ во 1942 во Њујорк, а пред да емигрира во Мексико, заедно со Марсел Дишан ги напишала надреалистичките мемоари „En bas“ (1943). Во Мексико, Карингтон се спријателила со Ремедиос Варо, се омажила со унгарскиот фотограф Емерик Вајс и го усовршила својот волшебен, обземачки уметнички стил.

 
Драган А.
 
 

Previous Post

„Душичка“ – Судир на религијата и слободатa [рецензија]

Next Post

Квир во време на принудена миграција

Next Post

Квир во време на принудена миграција

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum