PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Квир во време на принудена миграција

popup by popup
ноември 22, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Овој наградуван проект ги следи животите на ЛГБТИ-мигранти од Египет, Судан и од Саудиска Арабија, од протестите познати како Арапска пролет до денес.
За време на Египетската револуција во 2011 година, Шогаолу и самата учесник заедно со Нада Ел Коуни, новинарка од Египет, собрале повеќе од 60 усно пренесени приказни од жени, ЛГБТИ-индивидуи, етнички и религиски малцинства.

Бидејќи хомосексуалноста не е легална во Египет, по револуцијата многумина од ЛГБТИ-заедницата се принудени да ја напуштат земјата. Дел од овие приказни режисерката продолжила да ги следи и со интервјуирање на мигрантите во Германија, Холандија и во Норвешка. Во процесот на напуштање на својата земја и потрага по слободен, достоинствен живот во нова средина, ЛГБТИ-мигрантите честопати дополнително се изложени на дискриминација, неизвесност и насилство.
Филмот „Половина живот“ е повеќепати наградуван, анимирано документарен филм, кој е прикажан на повеќе од четириесет фестивали во светот. Тестемонијал на млад геј-активист и неговата внатрешна драма дали да го напушти домот што го сака.

„Друг сон“ е виртуелна реалност – искуство, замислен како анимиран документарец и VR-игра, кој оваа година беше прикажан на TFF, филмскиот фестивал Трибека во Америка. Станува збор за љубовна приказна за лезбијски пар од Египет, кој по револуцијата мора да го напушти Каиро. Придружната инсталација за овој филм, ѝ овозможува на публиката да ја сподели својата реакција од доживеаното.

„Ме викаат барател на азил“ е анимиран документарец, кој ќе има придружна АR инсталација. Вистинска приказна на четири ЛГБТИ-индивидуи од аспект на мигрантската криза во Европа денес.
 
Анна

Previous Post

Пет жени на надреализмот

Next Post

5 филмски препораки од Ѓорче Ставрески

Next Post

5 филмски препораки од Ѓорче Ставрески

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum