PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Душичка“ – Судир на религијата и слободатa [рецензија]

popup by popup
ноември 21, 2019
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Душичка“ е дебитантски долгометражен игран филм на режисерката и сценаристка Муниа Медур, која црпи инспирација од својата младост и личните искуства. Сценариото го прикажува тешкиот живот на младите, пред сè жени, за време на воениот период во 90-тите години на минатиот век во Алжир. Филмското дејство почнува питомо, со авантурите и хуморот на најдобрите другарки Неџма и Васила, но со секоја измината сцена се чувствува сè поголемо задушување, притисок и тензија што полека зоврива во заднина. Режисерката избегнува директно да ги прикаже немилите настани за кои ликовите гледаат и слушаат од медиумите, но мирисот на неволја и понатаму опстојува.

Темата камшикува, брутално претставува и оправдано го буди феминистичкиот дух во битката на жените со конзервативните и радикални спреги на религијата, во случајов исламот. Алжирката Медур не го изоставува ниту прашањето за абортусот, кое мудро го наоѓа својот дел преку ликот на Самира. Исто така, таа симболично слика и една од највпечатливите сцени е кога девојките уживаат играјќи фудбал, т.н. машка игра, во која сценаристката сака да го потенцира и родовиот јаз. Документаристичкиот пристап на Медур и крупните динамични кадри на кинематограферот Лео Лефев предизвикуваат гледачот да ја почувствува фрустрацијата и револтот за ограничена слобода. Директорот на фотографија најчесто користи кратки кадри, а немирното движење на камерата дополнително вметнува доза на адреналин. Мрачните сцени во кои религиозните застапнички ги предупредуваат младите девојки за непочитувањето на религијата, се придружени со свирепа музика за подгревање на атмосферата…

Главната актерка ја краси привлечна харизма и жесток карактер, кој веднаш се припојува кон гледачот и создава емпатија за нејзиниот лик. Лина Кудри е совршениот избор за ударната приказна и полуавтобиографскиот лик на Неџма со кој се поистоветува авторката Медур. Слатката Кудри ја доловува нескротливата бунтовничка, која не се откажува и покрај психолошката тортура, а се наоѓа на работ на нервен слом. Моќна, уверлива и истрајна во своите намери т.н. душичка се истакнува како одлична актерка. Истото може да се каже и за споредните ликови што ја дополнуваат квалитетната актерска игра. Актерката Ширин Бутеља (Васила) е сенката на Кудри (Неџма) и фантастично ја доловува и извршува својата задача.

Муниа Медур аргументирано критикува во одличното дебитантско филмско остварување. Трогателна драма со примеси на акција, која шокира и предизвикува непријатни чувства. Режисерката не стравува и храбро истакнува, се обидува да прати силна порака, а тоа го воочи култниот фестивал во Кан каде што филмот ја имаше премиерата и беше номиниран за наградата „Од друг агол“. Алжирскиот кандидат за „Оскар“ заслужува внимание и ужива во богата фестивалска одисеја, а пред неколку денови се закити и со наградата „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио на меѓународниот фестивал за европски филм – „Синедејс“. За жал, одговорот на прашањето колку значително е променета ситуацијата во Алжир, ќе го најдете во податокот дека „Душичка“ е означен како контроверзен филм, се соочува со цензура и сè уште ја чека алжирската премиера…

Филип Мишов

Previous Post

Недела на шпански филмови во Кинотека

Next Post

Пет жени на надреализмот

Next Post

Пет жени на надреализмот

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum