PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пет незаборавни моменти од Оскарите

popup by popup
февруари 22, 2019
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Оскарите речиси никогаш не се поштедени од доза сензационализам, иако мора да се признае дека многу често добитниците ги користеле своите неколкуминутни говори за да упатат силни пораки за поддршка на одредена кауза. Академијата со сите сили се труди да ги подобри гледаноста и рејтингот на церемонијата (кои во 2018 година беа најниски во историјата), а тоа го докажа и со неуспешниот обид да воведе категорија на „најдобар популарен филм“, додворувајќи ѝ се на филмската индустрија наместо на филмската уметност. Деведесет и првото издание на Оскарите в недела, останува без водител поради хомофобичните твитови на Крис Харт, кој се повлече од улогата на домаќин во Долби театарот. Ние веќе пишувавме за номинираните филмови „Рома“ на Куарон и „Миленичката“ на Лантимос, а сега подготвивме пет незаборавни моменти, кои засекогаш ќе останат впишани во историјата на најзначајните филмски награди во светот.

1972: 12-минутни овации за почесниот Оскар на Чарли Чаплин

12 минути. Толку траел аплаузот за почесниот Оскар што му бил доделен на легендарниот актер, режисер, сценарист, продуцент и композитор Чарли Чаплин. Таа оскаровска ноќ била обележана со неговото враќање во САД по 20-годишното политички наметнато прогонство од земјата поради неговите наводни симпатии кон комунизмот. Чарли Чаплин ќе го заврши оскаровскиот говор со неговиот заштитен знак – шеширот и бастунот.

1973: Марлон Брандо го одбива Оскарот за „Кум“

Марлон е првиот холивудски актер што го искористил оскаровското шоу како политичка платформа. Тој не присуствувал на церемонијата. Во негово име наградата ја подигнала активистката од домородно американско потекло Sacheen Littlefeather, облечена во традиционален Апачи фустан. Меѓу другото, таа ќе каже: „Тој многу жали што не може да ја прифати наградата, а причината за тоа е начинот на кој филмската индустрија ги третира американските Индијанци.“

1999: Патот до сцената на Роберто Бенињи

Пред 20 години, главна ѕвезда на Оскарите беше италијанскиот актер и режисер Бенињи. Таа ноќ неговиот веќе легендарен филм „Животот е убав“ доби три Оскари, вклучувајќи ги и статуетките за Најдобар актер, Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и Најдобра музика. Кога Софија Лорен објави дека Бенињи ја добива наградата, реакцијата на Бенињи и неговиот пат до сцената изгледаше вака:

2002: Хали Бери – првата Афроамериканка со Оскар за главна женска улога

Нејзиниот актерски перформанс во „Monster’s Ball“ беше бравурозен, но она што остана да се памети беше говорот на Хали при подигнувањето на статуетката. До денешен ден, таа е единствената Афроамериканка што има добиено Оскар за најдобра женска улога. Тогаш таа рече дека им ја отворила вратата на „обоените, безимени, жени без лице“, но мораме да заклучиме дека веќе 16 години, низ таа врата нема поминато ниту една од нив. Можеби тоа ќе се случи токму в недела?

П.С. На овој момент го надоврзуваме и фамозниот бакнеж со кој Адријан Броди ѝ ја честиташе наградата на Хали 😊

2016: Ди Каприо влегува во мечка и конечно добива Оскар со кој испраќа гласна порака

По шест номинации, Леонардо Ди Каприо конечно ја зема златната статуетка за неговата улога во „Повратникот“. Својот говор го искористи за да ја подигне свеста за глобалното затоплување, велејќи: „Нашата екипа мораше да се префрли на јужниот крај од планетава за да пронајде снег. Климатските промени се реални, тие се случуваат во моментов. Тие се најголемата закана со која се соочува нашиот вид, и затоа мораме заеднички да работиме и да престанеме со одолговлекувањето… Да не ја земаме оваа планета здраво за готово.“

Previous Post

„Гледам лица“ на чудни места

Next Post

DJ Tennis ja размрда Станица 26 (галерија)

Next Post

DJ Tennis ja размрда Станица 26 (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum