PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Пет бајки што не се за деца

popup by popup
декември 12, 2018
in Филм
0
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Што прават јунаците од бајките кога никој не ги гледа? Можеби тргнуваат во авантури што баш не би им ги читале на децата за добра ноќ? 😊 Барем такви се митолошките приказни од раните времиња на човечката цивилизација – ужасни, сурови и кобни. Бидејќи зимата е период на празници, снежни бајки, принцови, принцези, злобни маќеи и леприкони, ние решивме да ви предложиме неколку филмови, кои адаптираат бајки или мотиви од нив со noir-волшепство. Значи, тие не изгубиле од магијата, само одлучиле да ја прикажат (измислат) темната страна на омилените детски приказни.

„Диви во срцето“ (1990) vs. „Волшебникот од Оз“

Овој филм на Линч со Николас Кејџ и Лора Дерн си игра со мотиви од „Волшебникот од Оз“. Бизарната љубовна приказна го прикажува стихијниот однос на Сејлор Рипли и Лула Пејс, започнува како интензивно патување што се претвора во застрашувачко дивеење по познатиот „жолт пат од тули“ и продолжува со дозирани слоеви на хумор и секс. Линч отсекогаш си играл на теренот на она што го перципираме како нормално: филмот започнува со насилство, а завршува со добрата вештерка Гленда и „Love me tender“ од Елвис.

„Снежана: Приказна за ужасот“ (1997) vs. „Снежана и седумте џуџиња“

Уште кога ќе видите дека таткото на Снежана ѝ прави брутален царски рез на жена му што се наоѓа на смртна постела за да го спаси своето дете, знаете дека ќе треба да се простите со браќата Грим. Кога на тоа ќе ја додадете и одлепената маќеа Клаудија (Сигурни Вивер), крвта, сексот, смртта и сатанистичките ритуали во продолжение, воопшто нема да ве изненадат. И за крај, сосема е коректен слоганот под кој одеше оваа мрачна филмска формула: „Бајката заврши“.

„Лавиринтот на Пан“ (2006) vs. Римска и грчка митологија

Оскаровецот на Гилјермо Дел Торо црпи од мноштво бајки и детски доживувања претворајќи се во свет за себе. Филмот реферира на римските митолошки суштества фауни, како и на грчкото божество-фаун Пан. Дејството се одвива во периодот по шпанската граѓанска војна во 1944, младата Офелија и нејзината бремена мајка се вселуваат кај суровиот очув капетанот Видал. Офелија е олицетворение на принцезата Моана, ќерка на кралот на подземјето, која при една посета на Земјата ја изгубила својата меморија и бесмртност. Татко ѝ верува дека нејзиниот дух ќе се врати во подземјето и гради лавиринти околу светот, очекувајќи го нејзиното враќање. Но на тој пат до новата бесмртност, треба да ги совлада предизвиците поставени од фаунот.

„Ивица и Марица: Ловци на вештерки“ (2013) vs. „Ивица и Марица“

Пораснатите Ивица и Марица се моќни ловци и убијци на вештерки низ целиот свет. Џереми Ренер и Гема Артертон ги глумат братот и сестрата, кои по проживеаните трауми од бајката, решаваат да го посветат животот на спасување на светот од тоа зло. Со своето оружје, ставот и решеноста за победа, Ивица и Марица се соочуваат со опасни сили, обидувајќи се да спасат пет исчезнати дечиња од своето село. Значи, заборавете на куќичката од чоколадо 😊

„Наведување“ (2015) vs. „Малата сирена“

Што кога сирените од бајката на Ханс Кристијан Андерсен се викаат Голден и Силвер (Злата и Сребра?) и испливуваат на брегот за да се вкотват во полско кабаре и потоа да основаат свој бенд? Да, филмот „Наведување“ (Тhe Lure) на полската режисерка Агнешка Смочинска ги носи сирените на ѕвездено рок-патување во сетинг од 80-тите, при што едната се заљубува, а другата копнее по човечко месо. Една од критиките ќе го нарече филмов: најдобриот готски мјузикл за сирени-човекојадци EVER! Ние немаме што да додадеме на ова.

Previous Post

Радмила Ванкоска: Фотографијата ми помогна да останам силна

Next Post

„Ништо нема да нè раздели“ – ново EP на Bernays Propaganda

Next Post

„Ништо нема да нè раздели“ - ново EP на Bernays Propaganda

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum