PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Отворен повик за нова генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

popup by popup
јуни 23, 2022
in Настани
0
Отворен повик за нова генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“
401
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е во потрага по четвртата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм.

Како да се пријавиш?

Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања:

1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?

2. Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?

3. Кое е твоето најрано сеќавање?

4. Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?

5. Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?

6. Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?

7. Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото испрати го на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. Уште подобро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а на мејлот испрати ги линкот и лозинката.

Повикот е отворен до 1 јули 2022, a резултатите ќе бидат објавени до 7 јули 2022 година.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува за време на:

– Патувачкото кино на „МакеДокс“ (20-24 јули, т.е. 5 дена)

– Филмскиот фестивал „МакеДокс“ (18-25 август т.е. 8 дена)

– Две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена)

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и наши пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

„Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за време на Патувачкото кино – не е во хотел со пет ѕведзички, туку понекогаш дури и под отворено небо, со милион ѕвезди, заедно со тимот на „МакеДокс“.

Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм (Во овој момент, не бери гајле за опрема).

ВАЖНО: Доколку си малолетен/на, заедно со пријавите, треба да доставиш и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува твоето учество на работилницата. Доколку остана некое прашање неодговорено, пиши ни.

*Патувачкото кино е неделив дел од „МакеДокс“ кој се случува низ руралните средини во Македонија“, велат организаторите.

Previous Post

Најпознатите танцувачки филмски сцени

Next Post

Ема Попивода, пијанистка: Целта на „Модоарс“ е да ги претстави најновите светски трендови во музиката

Next Post
Ема Попивода, пијанистка: Целта на „Модоарс“ е да ги претстави најновите светски трендови во музиката

Ема Попивода, пијанистка: Целта на „Модоарс“ е да ги претстави најновите светски трендови во музиката

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum