„Singin’ in the Rain“ (1952)
Веројатно една од најпознатите и дефинитивно една од најомилените филмски танцувачки сцени на сите времиња. Инспиративниот танц на Џин Кели останува да биде еден од најавтентичните изблици на радост и слобода во кинематографијата. Своевидна танцова „химна“ за искуството на темелно космичко натопување. Неговиот танц испраќа порака: Уживајте! Вртете се низ баричките, следете го ритамот на дождот низ олуците додека во главата ви свири цел оркестар, а облеката ја апсорбира секоја капка што ѝ се наоѓа на патот. Кели постојано експериментирал со танцот во своите следни филмови, но иако технички се усовршувал, ниту еден танц не е повозбудлив од токму овој на дождот.
Последната сцена од „Flashdance“ (1983)
„Flashdance“ е олицетворение на осумдесеттите години од минатиот век – познатите топлинки околу глуждовите на нозете, фризурите, трикото за танц… По првичниот неуспешен обид на нашата хероина да оствари танцувачки перформанс, таа сепак успева да се охрабри и да стане, да продолжи во намерата да танцува како да нема утре. Нејзината цел е да ги импресионира судиите, додека истовремено ги импресионира гледачите – фанови на овој култен филм. Ова е дефинитивно сцена што ќе ве поттикне да заиграте низ дома или каде и да сте.
„Risky Business“ (1983) – Танц по долна облека
Том Круз го направи танцувањето во долна облека кул за „Risky Business“.
Пред да се појави како Маверик во „Топ Ган“ и Итан Хант во „Невозможна мисија“, Том Круз беше актуелен актер во комедијата „Risky Business“ од 1983 година. Како и со секој тинејџерски филм од 80-тите, Круз беше оставен сам на себе бидејќи неговите родители погодно го напуштаа градот додека траеше филмот и резултираше со еден од најдобрите танцови клипови на сите времиња. Ако некогаш се фатите себеси како танцувате во долна облека на класичен рок, треба да му се заблагодарите на ликот на Том Круз, Џоел.
„Time of My Life“ од „Dirty Dancing“ (1987)
Најиконскиот танцувачки lift на сите времиња. Последната танцова сцена на Патрик Свејзи и Џенифер Греј е една од најимитираните во филмската историја и лесно е да се види зошто – радосна е, полна со страст, со допир на младешки бунт.
„Pulp Fiction“ (1994) твист-натпреварот
„Сакам да танцувам, сакам да победувам, го сакам тој трофеј. Затоа, танцувај добро“. Застрашувачката Ума Турман и збунетиот Џон Траволта ги фрлаат чевлите за интензивната go-go сцена што доаѓа од никаде, среде крвав криминален филм. Режисерот Квентин Тарантино изјави дека бил инспириран од мајсторот на новиот бран, Жан-Лук Годар, познат по тоа што во својата работа додавал нескладен танц. Забележете како актерите ни го привлекуваат вниманието со фокус на прстите на рацете и на нозете. Сцената е потресна, но и мрачно смешна. И многу, многу чудна.
„White Chicks“ (2004) Dance-off
Двајца афроамерикански агенти на ФБИ – Кинан Ајвори Вејанс и Шон Вејанс – се маскираат во бели жени за да намамат киднапер. Звучи толку погрешно, но е толку смешно, особено кога двајцата облечени во ултракратки здолништа ги тресат своите фрустрации на подиумот. Тие прават толку добра работа маскирани како жени, што сега нивното вистинско јас, поттикнато од тестостерон, се појавува во агресивни вртења на главите, кои се едноставно неизводливи за повеќето дами и се чини дека никој не го забележува ова.
„Napoleon Dynamite“ (2004) – Наполеон танцува на подиум
Еден од најпознатите иконски моменти на филмот се случува при крајот на филмот, кога Наполеон изведува танц зачудувачки вешто (на песна од фанк-бендот „Џамироквај“, „Canned Heat“) пред своите врсници за да му помогне на својот пријател Педро (Ефрен Рамирез) да стане претседател на класот. Потезите на Наполеон станаа легендарни откако филмот се претвори во блокбастер. Но, Хедер изјави за „Инсајдер“ дека немало кореограф што работи на филмот, па морал да импровизира, а тоа го направил очигледно добро!
„Silver Linings Playbook“ (2012) – Проба за танц
Симпатична двојка учи да танцува со помош на нивниот кул пријател. Бредли Купер е чудниот во оваа тројка, додека Џенифер Лоренс и Крис Такер ги изведуваат танцувачките возбудувања. Океј, затоа тие се скромни – ова не е реклама – но се толку симпатични! Само Такер знае како да ги помрдне колковите на Лоренс: „Девојко, мора да го мрднеш junk-от!“
„La La Land“ (2016) Сцената што го отвора филмот
Речиси сите танцувачки сцени во овој филм се толку добри што ве поткреваат од место каде и да сте. Што нè очекува во филмот сосема е јасно уште во воведната секвенца, која го претвора сообраќајниот метеж на автопатот во Лос Анџелес во прослава на животот со полн гас, додека луѓето пеат, се вртат и газат на покривите на нивните автомобили, и истовремено моторџија и скејтбордер сурфаат на бетонски бариери.