Дуке дошол да ме слуша на мојот настап на Cinedays во МКЦ ова лето, му се допаднала мојата музика и изведбата во живо, па по концертот ме контактираше да се запознаеме. (Среќа што не знаев дека е таму, инаку ќе имав повеќе трема хахах) Јас, кога ја видов пораката од Дуке многу се израдував, бидејќи прво не бев свесна дека Дуке знае дека постојам. Се договоривме да се видиме, бевме до студио и многу природно се случи да ја направиме песната. Јас имав некои идеи за текст и мелодија, Дуке седна да свири на клавир и буквално во два часа се случи „Убав ден“. Многу сум среќна што музичар како Дуке забележува нови артисти како мене и дава голема поддршка, мотивација и инспирација за тоа што го правам. „Убав ден“ е еден интересен спој од два различни карактери пораснати во различно време и со различно искуство, доказ дека комуникацијата и интуицијата се клучни елементи во создавање музика.
Инаку, спотот за песната е дело на Пирка. Сниман е на различни локации во Охрид, а дел од него е Ребека Влаисављевиќ, која исто така пее со Дина на нејзините настапи во живо.
За своите следни планови, Дина вели:
Продолжувам да правам нова музика и секако. продолжувам со настапи во живо. Се надевам дека 2022 ќе имам уште многу настапи во Македонија, па и надвор од границите. 🙂