„Помина некое време откако последен пат ‘се слушнавме’,“ вели Нан во нејзиното писмо.
„Многу работи се случија по нашата прва пишувачка средба во 2017, кога поминавме еден месец стуткани во канцеларија сместена над секс продавница, зборувајќи за тоа како е да се биде пубертетлија. Болната засраменост, првите симпатии и големи, големи чувства.
Сакавме да направиме серија која би одговорила дел од овие прашања кои сите сме ги имале за љубов, секс, пријателства и нашите тела. Нешто што би им помогнало на нашите внатрешни тинејџери да бидат помалку осамени. Бевме преплавени од среќа гледајќи како оваа серија им стануваше важна на луѓе од целиот свет и се надеваме дека и на некои од вас ви помогна да се чувствувате помалку осамени.
Пишувањето на ова писмо е истовремено слатко и тажно бидејќи решивме дека четвртата сезона од оваа серија ќе биде и последна. Ова не беше лесно да се одлучи, но бидејќи темите и приказните во новата сезона се искристализираа, ни стана јасно дека дојде времето да ‘матурираме’.
Исклучително сме горди на „Sex Education“ и на нашите брилијантни писатели, актери и целата екипа кои со цело срце ја подготвуваа секоја епизода. Тие неуморно работеа за да можеме да ви ја дадеме оваа последна сезона и едвај чекаме да ја споделиме со вас.
Збогувањата се ужас, така што ајде да ги славиме убавите моменти кои ги имавме заедно.“
Новата сезона почнува на 21 септември оваа година на Нетфликс.