Македонскиот бренд Dreadpen, веќе добро познат на јавноста со своите one-of-a-kind креации, и оваа сезона продолжува да ја придвижува македонската дизајнерска сцена со новата „Groovy“ колекција. Во кафе „Излет“, на 9 мај (четврток), Dreadpen со добро проверен тим ве очекува на своја кожа да го почувствувате грувот на уникатни, кул и доста нови и различни парчиња!
„И оваа сезона продолжувам да креирам за своја душа. На мое огромно задоволство моите колекции се широко прифатени и барани што ми докажува дека луѓето се гладни и жедни за нови парчиња и очекуваат што следно ќе направам. Тоа ме мотивира и да ги проширувам колекциите. Оваа сезона сакам убавите луѓе да бидат облечени од глава до пети во парчиња со мој потпис. Нема поголемо задоволство од тоа да видиш твое парче ‘супер легнато’ на стилот на некоја рандом личност на улица.“ – вели Dreadpen.
Бидете таму, бидејќи сите парчиња од колекцијата се во лимитиран број! First come, first served! За грувот на грамофони ќе се погрижи Double G од Скопски Грув.