Jonathan Bree е познат како основач на новозеландскиот поп-бенд Тhe Brunettes во доцните 90-ти (со нив снимил 9 албуми), а во меѓувреме доживеа ренесанса на кариерата како соло артист со неговиот трет албум Sleepwalking. Вечерва има концерт во МКЦ со почеток од 21 часот, а ова се нашите три причини зошто ќе одиме да го слушаме:
1. Специфичниот изведувачки пристап: делумно театар, делумно dreary pop. Харизматичен и мистериозен. Самопрогласениот „господар на мизеријата“ настапува зад маска и користи мотиви на пантомима и носталгија од 60-тите години на минатиот век. Дури на сцена, басистот Џошуа Вортингтон-Чрч свири со врзани очи.
2. Визуелната магија. Time Out New York го прогласи неговиот видео клип за You’re So Cool од албумот Sleepwalking за најдобро музичко видео на 2017 година. Овој клип е снимен во црно-бело, во спортска сала на средно училиште и го пренесува амбиентот на раните 60-ти години од минатиот век.
3. Откачениот начин на продуцирање музика. Сите три соло албуми ги снимил во спалната соба. Bree вели дека единствената разлика меѓу нив е тоа што со текот на времето, спалните соби стануваат сè попријатни.