PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Notes from Surfacing: At an Angle of 45° – изложба на Ивана Мирчевска во PrivatePrint

popup by popup
септември 21, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

PrivatePrint Studio ја започна соработката со Ивана Мирчевска на почетокот на оваа година и таа подразбираше создавање на уметничка книга и развој на изложба како еден проект поврзан во целина. Поаѓајќи од феноменологијата, концептот на Мирчевска предлага посебен агол на гледање, агол од 45 степени, којшто е лоциран во просторот помеѓу телото (замислено како оска ‘y’) и нашата перцепција (оска ‘x’). Аголот од 45 степени е местото каде што тие се сретнуваат, каде што тоа што се гледа и тоа што се допира е едно исто, каде што тие се обединети во желбата да се разберат еден со друг. При работата на овој проект Мирчевска развива метод на гледање (surfacing) преку кој се предизвикуваат нормираните претпоставки за телото и за нашата перцепција и се раскршуваат доминантните модели на ориентацијата.
Проектот е спонзориран од Prince Claus Fund for Culture and Development.

Ивана Мирчевска (родена 1992 г., во Скопје) е визуелна уметница и истражувачка чија уметничка практика е вкоренета во временски заснованите медиуми, визуелната антропологија и сликарството. Истражувањата на Мирчевска се во сродност со темите коишто произлегуваат од спојот помеѓу технологиите на гледање, просторната конфигурација на погледот и телото. Користејќи ја есеистиката како рамка, нејзината практика спојува различни видови субјективности од минатото и од сегашноста, коишто се манифестираат како слики, алтер ега, документи, површини и гласови. Ангажирајќи се со културните предрасуди и потенцијалите на телото и неговата визија, нејзиниот пристап ја вклучува кревкоста и кршливоста на телото со поглед кон неговите можности да дејствува и да се грижи. Движејќи се низ различни референци и полиња на знаење (од теорија на уметност до студии за медиуми, од феминизам до афективна теорија) нејзината работа се одвива помеѓу подвижни слики, звук, архиви и инсталација. Дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2015) и магистрира визуелни уметности на Академијата за ликовни уметности Брера во Милано, Италија (2018/2019).

Previous Post

Фестивалот „Скопје синема сити“ отвора со филм за Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис, а затвора со Кејт Буш и Марк Болан

Next Post

Визии од болното минато, страдања во анксиозната сегашност и поглед кон неизвесната иднина

Next Post

Визии од болното минато, страдања во анксиозната сегашност и поглед кон неизвесната иднина

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum