PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Фестивалот „Скопје синема сити“ отвора со филм за Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис, а затвора со Кејт Буш и Марк Болан

popup by popup
септември 17, 2021
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Фестивалот ќе трае 4 дена, 18-19 септември и 21-22 септември, и ќе се одвива во дворот на Кинотека на Македонија. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и картите ќе можат да се набават пред проекциите на касата од Кинотека.
Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун, за филмскиот композитор Олафур Арналдс, којшто е воедно и „Артист во фокусот“. Истата вечер ќе се прикаже филмот за џез великанот Мајлс Дејвис „Birth of the Cool“ со што ќе се одбележи 30-годишнината од неговата смрт.
Втората вечер ќе биде прикажан филмот The Hip на режисерот Јане Алтипармаков и тоа ќе биде со слободен влез. Филмот што ќе следи е B-Movie: Lust and Sound in West Berlin за боемската и декадентна сцена во Западен Берлин.
На 21 септември, ќе биде прикажан краткиот филм Angel’s Breath односно филм за музичката авантура на Милан Младеновиќ и Суба во Бразил кој го изнедри истоимениот албум. Во продолжение ќе биде прикажан филмот за Кирил Џајковски „Современа музика за современа доба“ во продукција на ТВ Војводина. Филмот е портрет на Џајковски и неговите достигнувања во електронската и филмската музика, а осврт е даден и на неговото минато со бендовите Бастион и Леб и сол. Филмот досега не бил прикажан во Македонија. Истата вечер ќе биде прикажани филмовите Трагачи по звукот (бесплатна проекција) и Primal Scream: Изгубените снимки од Мемфис. Последната вечер ќе бидат прикажани филмовите Кејт Буш: Трчајќи по ридот и Марк Болан: Космичкиот танчер.
Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институтот и фондацијата Милан Младеновиќ.

Previous Post

Како да спречиш burnout (прегорување) на работа?

Next Post

Notes from Surfacing: At an Angle of 45° – изложба на Ивана Мирчевска во PrivatePrint

Next Post

Notes from Surfacing: At an Angle of 45° - изложба на Ивана Мирчевска во PrivatePrint

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum