Придружете ни се во Зеленика Beer Garden на незаборавно патување во царството на електронските битови [Скопје, 24.06.2023]
Сместенa на врвот на живописниот рид Средно Водно во Скопје, Зеленика Beer Garden со своето уникатно опкружување е идеалната локација за да ги плени љубителите на музиката и ентузијастите за забави.
Придружници на ценетиот Vehemence резидент и куратор на настанот – Lethal M, овој пат ќе бидат локални и меѓународни артисти, вклучувајќи ги Бодан Јамакоски од Audiobahn, Мораитов и специјален гостин од Атина, Грција – Parapher.
Parapher е продуцент кој се фокусира на емотивната и индустриската страна на техното. Неговата музика има една цел а тоа е да ги ги предизвика вашите емоции. Моментално престојува во Грција и е подготвен да остави свој белег каде и да го води музичкиот пат.
Очекувајте звучна авантура која ќе ве пренесе во друга димензија. Влезниците ќе можат да се купат на врата по цена од 400МКД со почеток од 22ч. Come early, stay late.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Vehemence.
Дизајн: Андреј Коцев