PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

немања: Сакаме да „изгориме“ на сцената во МКЦ

popup by popup
ноември 5, 2021
in Интервјуа
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Од каде произлезе потребата да ја барате музичката инспирација далеку од просторите во кои живееме, Гана, Нигерија, Либан (особено во Tarot Funk)… Што научивте во текот на таа музичка потрага и колку ве промени?
Сите ја делиме истата планета, зар не, сите сме во истата кал. Во мојата глава, сето тоа е „овде, зад аголот.“ Она по што трагав не беше поврзано со музиката, но некои од одговорите се манифестираа на тој начин. Ако се прашувате зошто, не знам, виши сили.

Албумот Cosmic Disco пак, е инспириран од „Тибетската книга на мртвите“. Како се родија песните од овој албум? Какви се реакциите од публиката?
Песните се инспирирани од живите свирки и атмосферата за која чувствував дека дополнително би можеле да ѝ ја пренесеме на публиката. Да биде подиво, посензуално и поразиграно. За реакцијата на публиката не знам точно, дури летово ја добивме шансата да свириме пред нив и ми изгледаше дека се забавуваат. Тоа е најважно.

На овој албум може да се слушнат звуци и од нашето заедничко југословенско музичко наследство, кое не е мало. Како дојде до таа идеја?
Ова ми го кажале и претходно, но сепак тоа не беше мојата замисла. Не тргнав со намера да го вклопам тоа, и јас искрено тоа не можам да го слушнам, но драго ми е што другите го слушаат она што јас не можам. Во тоа и е забавата.

Како се снаоѓате во пандемискиот период, дали „немања“ го прифати повикот за мултимедијалност и иновативност како неминовен начин да се допре до публиката кога физичките контакти се ограничени?
Мислам дека лошо се снаоѓам, но сепак ни во останатите аспекти од животот не се снаоѓам баш добро, така што ми се чини дека е ок – конзистентно. Целата музика на „немања“ во својата суштина е интермедијална, но мислам дека не го користиме тој аспект маркетиншки лукаво за да допреме до публиката. Јас одамна се откажав од намерата свесно да допрам до некој, животот е прекраток за такво нешто.

Што очекувате од македонската публика и настапот во МКЦ?
Имавме промени во составот, така што за првпат ќе ја претставиме нашата нова членка, Ана. Исто така за првпат свириме во Македонија и сакаме да „изгориме“ на сцената во МКЦ. Значи, тоа се веќе две работи што ги правиме за првпат, ќе биде забавно. Така што, не знам што да очекуваме, најдобро е да не очекуваме ништо и да се видиме таму.

Драган А.
фото: Алма Дрновац, Марина Узелац, Дино Санталеза

Previous Post

Теа Трповска: Преку моите рецепти раскажувам приказни

Next Post

Семејни портрети: Уредите во нашите животи

Next Post

Семејни портрети: Уредите во нашите животи

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum