Присуствувавме на најиновативната и најкреативна недела во Скопје – Skopje Design Week. Земја во фокус на осмото издание на Скопската недела на дизајн беше Германија. Посетителите можеа да видат изложба на 12 дизајн студија, да присуствуваат на отворени презентации на дизајнерите, да уживаат во гастрономските задоволства на Марк Де Јонг и личностите од културниот и урбан живот, да учествуваат на детските работилници, а секоја вечер финишираше со одлични музички настапи на диџеи и изведувачи од целиот регион. Нам, најголем впечаток ни оставија прекрасните парчиња уникатен мебел, концертот на Лолобриџида, презентацијата на првите патики од рециклирани гуми за џвакање и секако, превкусните јадења на Марк 😊






































