PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Чихару Шиота – Уметничка мрежа од емоции

popup by popup
ноември 23, 2018
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

За својата инсталација „Клучот во раката“ („The Key In The Hand“) на Венециското биенале во 2015 година, Чихару Шиота го наполни јапонскиот павилјон со лавиринтска мрежа од црвено предиво, од подот па до врвот. 55 илјади клучеви собирани од сопственици на домови ширум светот висеа закачени како презреани плодови подготвени да паднат во секој момент. Овој извонреден проект е типичен за уметницата од Осака која поврзува различни предмети во своите дела: обувки, кревети, куфери – олицетворение на интимните човечки искуства, емоции и нивните изгубени аспекти. За Шиота, мрежата од клучеви го претставува универзалниот копнеж за создавање дом и сеќавања.

За 20-то Биенале во Сиднеј во 2016, Чихару Шиота го создаде проектот „Свесно спиење“ („Conscious Sleep“), инсталација од вертикални кревети испреплетени во црно предиво – асоцијација на затворениците што спиеле во колонијалниот затвор на островот Кокату.  Таа прави конекција меѓу обичните, сакрални предмети во животот кои се заплеткани во емоциите и личните патувања што ги пренесува преку инсталациите. Нејзините дела се сметаат за феноменолошки средби, ангажирајќи ја публиката што се движи низ просторот. Токму публиката ги надополнува неверојатните инсталации на Чихару Шиота и ги комплетира во вистински уметнички дела.



Previous Post

Чудесниот молив на Пабло Амарго

Next Post

Недела на креативност и дизајн (галерија)

Next Post

Недела на креативност и дизајн (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum