PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Натура“ – изложба на Тамара Забазноска

popup by popup
јуни 23, 2020
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот.  Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет.
„Натура“ е синтеза помеѓу универзалното и микроскопското, силите што ги брануваат длабочините на човечкото битие и природата, која крие тајни и нуди одговори. Можеме да ги примениме нејзините тајни и да ги прочитаме одговорите преку нови откритија како основа за нашата иднина.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена во Скопје, 1987 година, ги стекнува првите знаења преку енциклопедиите и бајките, за понатаму да го насочи својот интерес кон математиката, геометријата и релациите во просторот, преку Архитектонскиот Факултет, кој го завршува 2011 година. Потребата за истражување, желбата за изразување на природните сили, новите научни знањеа и учења се постојан поттик за репрезентација на шемите во микро и макро светот на природата и човекот, кои ги опфаќа преку втор магистерски труд на тема Архитектурата во природата и Природата во архитектурата во 2018 година, како и низ делата на композитно дрво создадени од клинци, конец и стакла.
Уметничниот израз е прецизен и геометриски, претставен преку заедништво на елементите што сугерираат дека секоја идна точка/акција е резултат на сите претходни точки и акции. Делата во себе носат ритуал на дејствување – оската на симетрија како имагинарна линија околу која формите ротираат, свесни за дуалитетот и екстремите.

Previous Post

„Обоената птица“ – Човек на човека му е волк

Next Post

Andron & Voislav: Philharmony e спој меѓу трансот и техното

Next Post

Andron & Voislav: Philharmony e спој меѓу трансот и техното

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum