PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Најкреативната лименка низ годините

popup by popup
јули 14, 2020
in Universes
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

На пример, за 50-годишнината на култното дело на Енди Ворхол „Campbell’s soup can“, компанијата „Campbell’s“ направи четири конзерви од limited-edition, со познатите слики на Ворхол. Сите 1,5 милион конзерви беа продадени за неколку денови.
Живиот разговор помеѓу уметничката заедница, потрошувачите и брендот е реткост во нашата држава. Одличен пример за тоа е лименката од limited-edition на „Златен Даб“, која годинава по третпат нè изненади со смелоста за трансформација. Кога веќе етаблиран и високопочитуван бренд како „Златен Даб“ ќе ви остави одврзани раце да го редизајнирате и да го осмислите неговиот лик за лименка од limited edition, тоа никогаш не би можело да биде едноставна задача.

Впрочем, ако ги погледнеме имињата на уметниците на кои досега им била доверена задачата, би можело да се заклучи дека уникатниот македонски бренд, освен единствениот и совршен вкус на врвно пиво, има и врвен вкус за уметност 🙂

Лименката на „Златен Даб“ од 2018 година до денес, се „пресоблече“ во уметнички аутфит вкупно седум пати. Тоа веќе создава цела листа креатори што го вложија својот уметнички кредибилитет и сензибилитет за да ја погодат точната жица на уметничката вибрација што „Златен Даб“ сакаше да им ја пренесе на своите консументи. И ниту еден од нив не разочара. Да почнеме од почеток.
Во 2018 година уметниците Ана Јовановска и Владимир Лукаш, како и дизајнерот Таби Азири, креираа уникатни лименки за ограничената серија на лименката „Златен Даб“. Сите три лименки таа година имаа иста кауза – отфрлање на предрасудите и поттикнување на разноликоста во општеството.

Потегот од 2018 година наиде на широка прифатеност меѓу почитувачите на „Златен Даб“ и меѓу самите уметници, па следната година најжуркаџиското пиво реши да ја искористи својата популарност уште еднаш во полза на културата и на уметноста. За редизајнирањето во 2019 година беа задолжени младата академска сликарка Надја Петровиќ и тату-артистите Ирина Цоневска и Блаже Атанасков. Минатата година новите дизајни ја отсликуваа ултимативната идеја за совршена забава со најдобриот вкус на пиво.

За особена почит е фактот што дури и во време на пандемија, во неизвесната 2020 година, традицијата за редизајнирање на лименката „Златен Даб“ си го најде својот уникатен израз и пат до своите верни фанови, овој пат со стриповски предзнак, што сосема одговараше на повиците за колективна одговорност и самоизолација. Најновата лименка со уникатен стрип-изглед, е дело на познатиот стрип-цртач и илустратор Александар Сотировски.

Ваквото редизајнирање на добро познат производ, особено во вакви неизвесни периоди за уметничката заедница и самите почитувачи на брендот, е позитивен пример за одговорноста и за целокупниот имиџ што како багаж го носи со себе. Сите дизајни на  limited edition лименката на „Златен Даб“ беа одлично прифатени, како од уметниците во земјава, така и од луѓето што секојдневно се дружеа со „Златен Даб“ на журки, изложби, концерти, промоции или едноставно, само по дома.

Previous Post

Таро Окамото: Допир на древното и футуристичкото

Next Post

„15 хорор приказни од работнички“ од Кристина Божурска – ново издание на PrivatePrint

Next Post

„15 хорор приказни од работнички“ од Кристина Божурска - ново издание на PrivatePrint

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum